30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаUncategorized @mkИзраелските медиуми: Благодатниот Оган ќе се испраќа во православните земји како и...

Израелските медиуми: Благодатниот Оган ќе се испраќа во православните земји како и досега

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Светиот Благодатен Оган од Ерусалим ќе биде пренесен во православните земји како и досега, и покрај драконските мерки против коронавирусот, соопштува весникот Jerusalem Post, повикувајќи се на извори од Министерството за надворешни работи на Израел.

<

Поконкретно, согласно објавата, државата Израел изрази подготвеност да ги прими специјалните летови од православните држави, што секоја година го земаат Светиот Оган од Ерусалим.

„Точниот начин на процесот сè уште не е утврден, изјави изворот од Министерството за надворешни, бидејќи Министерството за здравство би можело да додаде повеќе ограничувања поради коронавирусот, но веќе се организирани летови за да го однесат Огнот во Русија, Украина и Грција“, објаснува подробно Jerusalem Post.

Според истиот весник, службата во Светиот Гроб ќе се одвива нормално, во присуство на 10, најмногу до 15 претставници на христијански цркви и во продолжение Светиот Оган ќе се пренесе до аеродромот во Тел Авив, каде ќе биде предаден на делегациите на христијанските земји, коишто, сепак, нема да се симнуваат од авионите на израелска почва, со цел да се запази карантинот.

izvor bigorski.mk

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...