31.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаШилегов: Откажан е кредитот за Луна-паркот, ќе се земе нов кредит за...

Шилегов: Откажан е кредитот за Луна-паркот, ќе се земе нов кредит за да се реконструираат улици.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градот го откажува кредитот за изградба на новиот Луна-парк. Ова денеска го соопшти градоначалникот Петре Шилегов додавајќи дека ќе се подигне нов кредит во иста вредност за изградба и реконструкција на улици и друга инфраструктура која ја работат домашни компании.

<

Намалена е комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари за квадрат, колку што е минималната цена дозволена со закон за цела 2020 година, а се намалува и фирмарината за стопанските субјекти од 7.000 на 4.000 денари за 2020 година.

Исто така, комуналиите ќе може да се плаќаат на 18 наместо на 12 месечни рати. Ова се однесува за градби со комуналии чиј износ надминува 1 милион евра.

-Град Скопје е најголем фактор во македонската економија. Тука се остварува најголемиот дел од нашиот БДП, тука се најголемиот број работни места, тука се остварува најголемиот дел од инвестициите во земјата. Работите не смеат да запрат. Во изминатите две години Град Скопје покажа одлични финансиски резултати. Советот две години по ред усвојува завршни сметки, од кои јасно се гледа дека буџетот е на стабилни нозе и дека може да ги исполни своите цели, изјави Шилегов.

Тој додаде дека во годишната сметка на Град Скопје за 2019 година Градот остварил повеќе тековни приходи, извршил отплата на главнина по постојното задолжување и притоа остварил суфицит во износ од 528.010.827 денари.

Шилегов најави дека ова лето улиците во Скопје ќе продолжат да се градат, ќе продолжат да се прават големите паркови кои се почнати, мостовите и реновирањето на јавниот превоз.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...

15 годишник е еден од осомничените за убиството во Тетово, изведен е пред судија на претходна постапка !!!

Еден од осомничените за убиството што се случи во неделата во Тетово денеска бил изведен пред суд, јавува репортерот на 4news.mk, објави 4NEWS.mk Според нашите...

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат...

Маж од Виница избоден 4 пати со нож пред угостителски објект !

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од Виница, по вербална...