28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаРеконструкцијата на магистралниот пат од Ранковце до К. Паланка јавува премногу пропусти...

Реконструкцијата на магистралниот пат од Ранковце до К. Паланка јавува премногу пропусти и недоследности (ФОТО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Актуелната власт не стигна ниту да се пофали со реконструкцијата долж магистралата во Ранковце а асфалтната подлога веќе испука и започна да предизвикува штети на возилата.
Имено, се работи за проект во кој што беше предвидена целосна реконструкција на веќе постоечкиот патен правец Ранковце – Крива Паланка, со што требаше со гребење да се отстрани старата и да се стави нова асфалтна подлога.
Она што е евидентно од фотографиите, укажува на можен криминал и на низа пропусти кои не можат да поминат незабележано. При санацијата во Ранковце е ставен многу тенок слој, кој е значително поминимален од потребниот и од оној кој се нанесува во Крива Паланка.

<


Ако ги анализирате фотографиите, ќе забележите дека во Крива Паланка за разлика од Ранковце се става асфалтна подлога од два слоја, кои се драстично побогати и подебели од оној еден тенок слој во Ранковце.
Првиот дожд, првиот снег и силното сонце ги разоткрија манипулациите со реконструкцијата на патниот правец, а граѓани на Ранковце повикуваат на одговорност и отчетност за овој проект.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...