5.4 C
Ohrid
четврток, ноември 26, 2020
Почетна Македонија САД со 1,1 милиони долари ќе ѝ помогнат на Македонија во борбата...

САД со 1,1 милиони долари ќе ѝ помогнат на Македонија во борбата против ковид-19

Translate (Eng):[gtranslate]

Американската влада ќе одвои 1,1 милиони американски долари за да го ублажи ширењето на појавата на ковид-19  Северна Македонија. Преку Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Соединетите држави ги обезбедуваат овие средства на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на Обединетите нации – УНИЦЕФ за спроведување активности за поддршка на напорите на земјата да одговори на ковид-19, соопшти Амбасадата на САД во Скопје.

 

 

РЕКЛАМА

 

„Во ова време на неизвесност и вознемиреност, да се работи заедно е поважно од кога и да било. Убедена сум дека поддршката со овој пакет на помош ќе даде значителен придонес во борбата на Северна Македонија против ковид-19“, изјави амбасадорката Кејт Брнс.

 

Преку оваа помош, американската влада ќе поддржи:

Зајакнување на лабораториите за да се подготват лабораториските системи за тестирање во големи размери на ковид-19.

Надзор и брза реакција за подобрување на откривањето на случаи и надзор врз основа на настани за ковид-19. УСАИД, исто така, им помага на земјите да ги обучуваат и опремат екипите за брза реакција да ги испитаат случаите и да спроведуваат следење на контактите.

Комуникации за да им се помогне на луѓето да ги научат чекорите што можат да ги преземат за спречување и одговор на ширењето на вирусот преку медиумски кампањи специфични за земјата.

Управување со случаи за зајакнување на клиничката нега, додека се минимизира ризикот од пренесување натаму на други лица.

Превенција и контрола на инфекции за спречување и контрола на инфекции во здравствените установи.

„Во текот на изминатите 20 години, САД инвестираа скоро 11,5 милиони американски долари само во здравството и повеќе од 738 милиони американски долари вкупна помош за Северна Македонија, во низа области, вклучувајќи безбедност, земјоделство, граѓанско општество, економски развој, создавање работни места, женско претприемништво и образование.

Со децении, САД се најголем светски давател на билатерална помош во јавното здравство. Од 2009 година, американските даночни обврзници дарежливо ставаат на располагање повеќе од 100 милијарди долари здравствена помош и скоро 70 милиони американски долари хуманитарна помош на глобално ниво“, се додава во соопштението од Американската амбасада.

 

- Реклами -