6 C
Ohrid
недела, ноември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаВладата ги охрабрува младите да се вратат назад во Македонија и да...

Владата ги охрабрува младите да се вратат назад во Македонија и да не се плашат од карантинот.

Владата редовно ја информира јавноста за начинот и организацијата како се вршат активностите за враќање на македонските граѓани што се најдоа во странски земји и прифаќањето во нашата држава за време на вонредната состојба предизвикана од коронавирусот. Место за паника и загриженост не треба да има бидејќи целата процедура се спроведува преку постапки и договори – од транспортот (авионски и автобуски) до нашата држава, превозот до објектот/хотел утврден како државен карантин и сместувањето во државниот карантин.

Организирање авионски превоз и пристигнување во нашата држава

Владата донесе уредба преку која граѓаните што пристигнуваат на граничните премини за влез во земјата ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10 и во 20 часот. Затоа, Владата апелира до граѓаните кои мора да допатуваат во земјата да ги планираат своите пристигнувања на граничните премини непосредно пред посочените термини со цел да не се создава метеж и чекање.

За организираните летови Владата објавува јавни повици за организирање авионски превоз за македонските државјани што се во странство, а сакаат да се вратат во земјата. Повиците се подготвуваат по претходно добиена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментен престој во странство, а критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена.

Секој македонски граѓанин, кој се враќа во нашата земја со превозот организиран од Владата, има обврска самостојно да го плати авионскиот лет и за веќе утврдената процедура запознаени се сите патници.

Цената на летот од патник се дефинира кога ќе се затвори листата на патници од авион, а цената на летот се дели со бројот на патници и така се утврдува конечната цена што секој патник е должен да ја плати кога ќе пристигне во државата. За условите под кои се организираат овие летови, сите наши граѓани затекнати во други држави навреме и детаљно се информирани.

Ден претходно граѓаните што се враќаат во државата се контактирани од Министерството за надворешни работи и ги добиваат сите информации во врска со превозот и со државниот карантин, вклучително и цената и условите за превозот.

Сместување во државен карантин без никаков финансиски надомест

Еден од условите за спроведување на овие летови е обврската на граѓаните да потпишат договор за исполнување на нивниот дел од обврските и да прифатат да бидат сместени во државен карантин во објект што го обезбедува Владата, без никаков финансиски надомест, како и да ги намират трошоците за авионскиот превоз.

Транспорт од аеродромот до локацијата за државен карантин во безбеден и строго контролиран автобуски превоз

При слетувањето на аеродромот патниците добиваат информација кон кој број на автобус треба да се упатат и на која локација со обезбеден државен карантин ќе бидат превезени.

Автобусите се со дезинфицирана внатрешност од страна на сертифицирана компанија, обезбедени со полициска придружба, а возачите се со целосна заштитна опрема и скафандери. За граѓаните има обезбедено закуска и вода.

Сместување во безбедни и строго контролирани државни карантини

За нашите граѓани обезбедено е сместување во безбедни и строго контролирани државни карантини со капацитет од 2.104 легла во моментот во целата држава, во 19 сместувачки објекти. За секој граѓанин сместен во државен карантински објект, направена е епидемиолошка анкета и определен е соодветен режим во карантинскиот објект, кој е целосно безбеден и строго контролиран и надгледуван од полицијата и војската.

Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти собата во која престојува, не смее да го напушти ниту објектот. Овие граѓани не се закана за никого.

Владата објави јавен повик за изразување интерес за сите хотели во државата што имаат повеќе од 50 легла, а хотелите што ќе ги стават своите капацитети на располагање треба да обезбедат три оброци дневно за секој граѓанин кој ќе користи легло, како и одржување на хигиената во хотелот.

Напуштање на објектите определени за државен карантин

Нашите граѓани сместени во објектите определени за државен карантин ги напуштаат 14-тиот ден од сместувањето. Тие ги напуштаат објектите со сопствен превоз или превоз што самите го имаат обезбедено.

Вработени во МВР и АРСМ, кои се задолжени за спроведување на редот и дисциплината во објектите, го воспоставуваат редот и на напуштање, при што лицата се отпуштаат според бројот на собата во која се сместени, без да дојде во контакт помеѓу сместените лица, односно соба по соба. При напуштање на објектите секое лице добива потврда дека бил сместен во карантин, потпишана од генералниот секретар на Владата и од објектот во кој биле сместени.

Превоз од објектите за државен карантин до локацијата за самоизолација

Отпуштањето на лицата сместени во објекти во државен карантин се врши по стапување во сила на полицискиот час, со цел полесно контролирање на движењето на лицата што го напуштаат објектот, за нивна и за безбедност на другите.

МВР ги најавува сите возила со кои се врши превоз на лицата што се отпуштаат од државниот карантин, со цел непречено движење до објектот каде што лицето ќе биде во самоизолација.

Лицето што го напушта објектот за државен карантин се превезува сам во возилото или заедно со лицето со кое било во соба, на задното седиште во превозното средство, во случај кога возилото го управува друг, при што сите лица во возилото задолжително носат заштитна маска и ракавици. Не е дозволено превезување повеќе лица (групирање) заради користење заеднички превоз, освен кога станува збор за семејство, кое самоизолацијата ќе ја вршат на иста адреса.

Задолжителна самоизолација во траење на 14 дена по напуштањето на државниот карантин

Лицата што го напуштаат државниот карантин задолжително спроведуваат самоизолација во траење 14 дена во согласност со упатството за спроведување државен карантин по донесена одлука на Владата.При напуштање на државниот карантин лицата потпишуваат два примерока од изјавата за самоизолација (еден за Министерство за здравство, втор за Министерството за внатрешни работи), на кои се потпишуваат одговорниот лекар присутен за време на напуштањето и одговорниот од МВР. Пред напуштање на државниот карантин се врши проверка на здравјето на лицата сместени во државен карантин и доколку се утврдат симптоми на Ковид-19, се постапува во согласност со донесените протоколи од Министерството за здравство.

Здравјето на граѓаните е најважно

Здравјето на граѓаните и неговата заштита во оваа ситуација се најважни, важно е и нашите граѓани што биле во странство да се прифатени во  Македонија на највисоко ниво, затоа Владата секојдневно носи мерки, препораки, заклучоци и уредби, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им помогне да го сочуваат здравјето. Во оваа насока се и построгите ограничувања на движењето на граѓаните за да имаме помалку новозаболени и починати, сè повеќе излекувани и побргу како земја да излеземе од кризата со коронавирусот, се вели во соопштението.

макфакс

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓани и гостите згрозени: Возрасен маж врши физиолошки потреби во Охридското Езеро.

Денес охриѓани и гостите кои го искористија прекрасното сонце за прошетка по кејот на Охридското езеро беа сведоци на една грда слика. Возрасен маж сред...

Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани

Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници, пишува Скопје 1. Засега не е позната...

ФОТО: Камион цистерна удри три возила во Кичево

Попладнево во Кичево на магистраниот пат се случила сообраќајна несреќа во која учествувале камион и три патнички возила. Како што пренесува репортерот на ТВ21 камионот...

Ништо од „стариот“ Тајсон: Борбата со Пол беше – циркус и шоу за многу пари

Легендарниот Мајк Тајсон по 21 година се врати во рингот и тоа против Џејк Пол кој е триесет години помлад јутјубер, но веќе неколку...