18.9 C
Ohrid
среда, јули 9, 2025
ПочетнаМакедонијаАдминистрацијата од денес ќе работи од 8 до 14 часот !!

Администрацијата од денес ќе работи од 8 до 14 часот !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата донесе промена на одлуката за утврдување на распоредот на работното време во Владата, министерствата и другите органи на джравата со која почетокот на работното време е во 08:00 часот, а завршетокот во 14:00 часот.

<

Одлуката стапи на сите со нејзиното објавување во Службен весник и ќе отпочне да важи од денес, 8 април 2020 година.

Владата исто така ги задолжи сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенциите, фондовите, бироата, заводите, управите и сите останати државни институции, а им укажа и на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, да го прилагодат работното време за административците и јавните службеници, односно истите да завршат со своите работни задачи и активности, со цел пред почетокот на забраната за движење на територијата на државата, односно пред 16:00 часот за да можат тие да се вратат во своите домови.

Синоќа Владата донесе и уредба со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба, според која вработените во јавниот сектор, кои работно се ангажирани за времетраење на привремените мерки за заштите од ширење и превенција од коронавирусот Ковид-19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година може да го искористат до 31 мај 2020 во согласност со потребите на работниот процес и врз основа на одобрение на раководното лице на институцијата.

Во уредбата стои дека на вработените во јавниот сектор, кои се ослободени од извршување работа и работни задачи, во согласност со мерките за заштита од ширење и превенција од коронавирусот Ковид-19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година им се смета за искористен.

По исклучок од оваа уредба, за работниците во Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија, јавните здравствени установи во Република Северна Македонија, царинските службеници, единиците за противпожарна територијална заштита, во инспекциските служби, како и лицата што работат во старските домови, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година и делот од годишниот одмор за 2020 година, кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 31 декември 2020 година во согласност со потребите на работниот процес и врз основа на одобрение на раководното лице во Министерството.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...

ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин се бори со огнот!

Скопскит епожарникари со денови постојано вложуваат максимални напори за справување со пожарите на неколку локации во периферијата на градот. Според последното соопштение на ЦУК на...

Вознемерувачко: Детенце од Македонија врзано со јаже на рацете и вратот бидеќи украло пари од продавница !!!!

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео...