16.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаЧетири месеци по смртта на Јана Арсовска судот донесе одлука во нејзина...

Четири месеци по смртта на Јана Арсовска судот донесе одлука во нејзина полза

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Четири месеци по смррта на охриѓанката Јана Арсовска која со години лавовски се бореше со многу агресивен и многу редок вид на рак, Вишиот управен суд донесе одлука според која Фондот за здравство требало да одобри средства за да продолжи нејзиното лекување во странство. Поразителен и срамен е фактот дека највисокиот суд во Македонија за управни постапки се произнесе откако Јана повеќе не е меѓу нас.

<

– Нашата Јана додека беше со нас беше многу храбра, исклучително силна, природно питома и полна со љубов и внимание, дури и кон институциите кои законски требаше да и го поклонат своето внимание и грижа, а не го сторија тоа. Јана ги бираше зборовите дури и кога требаше да се зборува за односот на тие институции кои законски беа обврзани да ја заштитат, а не го сторија тоа-болат зборовите на нејзините најмили, тие не смогнаа сили јавно да зборуваат, затоа што за нив Јана сеуште е жива и сеуште се борат за неа, за правдината да излезе на виделина. Се’ што им тежи на душата преточија на хартија.

Денес, може да соопштиме дека погрешните, лажни и нестручни одлуки на комисиите на ФЗО ќе бидат предмет на кривична пријава до сите кои одлучуваа во нејзиниот случај и не и овозможија шанса да се бори против опасната болест. Тромавоста на одлучување на судовите и скандалозно долгото време кое им треба за да постапат во предмети во кои е загрозен живот на пациенти, и наместо за 5 дена ги решаваат за 5 месеци, веруваме дека ќе биде исто така предмет на соодветна одговорност. А одлуката на Фондот за здравствено осигурување после пресудата во наша корист на Управиот суд, кој наместо да и даде шанса на Јана реши да поднесе жалба за оваа пресуда, ќе остане пример за нечовечко постапување не само во аналите на Фондот, туку веруваме и во аналите на одговорност за ваквото постапување, за што допрва ќе имаат работа и обвинителството и судовите.

Јана ништо нема да ни ја врати, но ќе бараме одговорност за вакво нешто да не се случи никому никогаш во иднина. Не смее ниту еден човек кој има законско право на заштита и право на борба за својот живот, да не добие шанса поради нестручноста, ароганцијата, дилетантството и нечовечноста на институциите на државата-стои во дописот што ни го испрати семјеството на нашата Јана, чија смрт ја потресе целата македонска јавност, оти беше многу племенита,срдечна, хумана. Во битката за живот Јана помагаше на други, дури и кога немаше за себе.

Росица Голабоска Alfa

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...