17.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаДокторот од Дебар Арбен Аголи го победи коронавирусот: Се лекував со Азитромицин...

Докторот од Дебар Арбен Аголи го победи коронавирусот: Се лекував со Азитромицин и еден препарат за имунитет.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Педијатарот од Дебар, доктор Арбен Аголи, го победи коронавирусот. Имал два негативни контролни теста за Ковид 19, а денеска ќе му биде направен и трет. Слободен печат разговараше со лекарот за сите аспекти, од медицинските до психолошките, и како доктор Аголи успеа да се избори со вирусот кој го промени текот на животот и кај нас и во светот. Лекарот вели дека е спремен, доколку и денешниот трет тест му е негативен, да дарува крв бидејќи крвната плазма од ковалесцентите, може да им помогне особено на оние пациенти кои се со тешка клиничка слика, во точно определени медицински услови.

<

-Јас сум спремен за таа работа, ќе го направам и денеска тестот, и ако е негативен, ќе објавам дека сум спремен да дарувам крв, бидејќи само на тој начин можам да им се оддолжам на сите луѓе кои ми се јавија и ми изразија поддршка. За тие што се критични, плазма од ковалесцент може да помогне. Плазмата како терапија е резервирана за тие со тешка клиничка слика – ни рече Аголи.

Како се чувствувавте во текот на болеста и колку време траеше опоравувањето?

– Главно во текот на болеста се чувствував добро поголемиот дел од времето. Но, од време на време се чувствував изнемоштен, имав слаб апетит и чувствував омалаксаност. Но, немав температура, немав кашлица, ни тешко дишење. Самоизолацијата ме депримираше, но фала Богу живеам во сопствена куќа, имам прекрасен двор така што најголемиот дел од времето го поминував во дворот и тоа ми даде малку повеќе сила да ја пребродам целата ситуација. Цело време бев на домашно лекување.

Како дознавте дека сте негативен на коронавирусот, како се одредува тоа?

– Откако ќе заврши 14-дневниот карантин, тогаш се прават две тестирања. Едниот тест се прави, па потоа се прави втор по 48 часа. И така, ако се добијат два негативни теста, се смета дека некој е негативен. После тоа следува уште еден тест, кој ќе ми го направат денеска. Тоа е трет, контролен тест. Ако и тој е негативен, тогаш дефинитивно се смета дека сте излекуван. Ако и третиот тест ми е негативен, ќе одам на работа, со комплетна заштита.

Каква терапија примавте?

– Бидејќи имав симптоми, ми дадоа лекови. Од Инфективната клиника ми советуваа да земам азитромицин. Земав Сумамед шест дена, витамини и еден препарат за појачување на имунитетот.

Имате ли порака за граѓаните?

– На сите кои не се здравствени работници, максимално им препорачувам да водат сметка за личната хигиена, да избегнуваат дружења, да не се собираат покрај кејот или на нашето Дебарско Езеро, да ја почитуваат социјалната дистанца што ја препорачуваат од 2 метри, да носат заштитни маски и ракавици. Штитејќи се себеси, така помагаат да се штитат и другите. На моите колеги, здравствени работници, сакам да им кажам да бидат многу многу внимателни! Буквално секој пациент со кој доаѓаат во комуникација, нека го сметаат за ковид позитивен, во смисла, под наводници, за да бидат максимално ангажирани во својата заштита и во заштитата на пациентите.

слободен печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...