25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаПановски па ние ќе ја смениме светската историјата: Ако жената што почина...

Пановски па ние ќе ја смениме светската историјата: Ако жената што почина во јануар е позитивна на корона тогаш ќе испадне дека вирусот е од Македонија а не од Кина !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Микробиологот, професорот Никола Пановски, за Слободен печат вели дека жив вирус во телото не може да остане и да предизвика болест. Меѓутоа, во кадаверот може да има останато РНК, односно дел од вирусот и тоа со денови и години.

<

Во трахеата на починатата 79 годишна жена од Велес, чие тело во распаѓање било предадено на обдукција, бил пронајден коронавирус. Меѓутоа, тоа не значи дека жената починала во јануари како што објавија некои медиуми, а по што се извлекоа заклучоци дека коронавирусот постоел во Македонија уште од декември.

Кога точно настапила смртта, ќе се знае откако ќе бидат готови резултатите од обдукциоскиот наод следната недела. Засега е сигурно само дека жената била почината подолго од една недела, тврдат од Министерството за здравство.

Во Институтот за јавно здравје уште еднаш се анализира материјалот земен од трахеата, за да се потврди позитивниот резултат на коронавирусот. Во истрагата за овој случај се вклучуваат експерти од судска медицина, МАНУ и тимот епидемиолози од Институтот за јавно здравје.

За случајот ќе биде известена и Светската здравствена организација која доколку има потреба ќе се вклучи со поддршка. Соседите на жената која почината била најдена во стан во Велес заедно со нејзиниот син, тврделе дека не ги сретнале своите соседи од декември.

Микробиологот, професорот Никола Пановски, за Слободен печат вели дека жив вирус во телото не може да остане и да предизвика болест. Меѓутоа, во кадаверот може да има останато РНК, односно дел од вирусот и тоа со денови и години.

Меѓутоа, професорот додава и дека, како што постојат лажно негативни резултати, така постојат и лажно позитивни резултати за коронавирусот и дека во случајот тој се сомнева токму на такво сценарио.

-Ако е точно дека жената починала на 6 јануари, тогаш е прашање дали сме ние први или Кина е прва. Па да е тоа вистина, дека ние имаме во јануари прв смртен случај во Европа, досега ќе долетаа од сите земји со специјални авиони. Кривично дело е на пример, некому да му е утврдена СИДА со само еден тест. Потребни се барем уште неколку тестови за тоа да се потврди стопроцентно. Така требало и во овој случај, да потврдат прво, со сигурност. Ако е така, ако сме имале прв смртен случај од коронавирус уште во јануари, тогаш каде се починатите од тогаш до денеска? Статистички, за таа жена да почине од коронавирус, требало да има барем стотина луѓе болни уште во јануари. Ако е ова точно, ќе ја смени историјата на светот и ќе значи дека Македонија имала три месеци смртни случаи, па после почнала Кина, Италија. Па зарем е тоа можно? Најверојатно се работи за лажно позитивен резултат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...