25.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Дебар деветти ден без новозаразени лица од Ковид-19

Во Дебар деветти ден без новозаразени лица од Ковид-19

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Според денешните официјални податоци на Министертвото за здравство во Дебар и во последното деноноќие нема новозаразени.

<

Тоа значи дека новодијагностицирани во Дебар и Центар Жупа нема во изминатите девет дена, па бројот на заразени останува на 49 лица. Од нив две се од општина Ценатр Жупа, односно првозаразените сопружници, кај кои болеста беше дијагностицирана по нивното пристигнување од Италија.

Последно соопштените податоци говорат дека 23 од заразените се излекувани. Жителите од двете општини строго ги почитуваат и препораките и мерките на надлежните.

– Во двете општини строго се почитува мерката за забрана за движење. Повеќе од десет дена не е регистрирано непочитувања на одлуката за забрана за движење. Полициските службеници реализираат мото-патроли низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид

Упати апел за совесно и дисциплинирано придржување до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на заразата, а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.

Во продолжениот полициски час, улиците во двете општини се празни. Ретко може да се види само по некој земјоделец кој со потребната механизација извршува подготвителни работи за пролетната сеидба.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...