23 C
Ohrid
сабота, септември 19, 2020
Почетна Македонија Чудата се доказ дека Бог навистина постои: Со доаѓањето на Велигден, се...

Чудата се доказ дека Бог навистина постои: Со доаѓањето на Велигден, се празнува победата на животот над смртта

Translate (Eng):[gtranslate]

Велигден е празник над празниците – центар на православната вера. Се прославува уште од самиот почеток на христијанството и на црквата, зашто е темел на христијанството. Воскресението Христово е настан кој му дава смисла на создавањето на овој свет. Освен поздравот „Хростос воскресе” и одговорот „Навистина воскресе”, за Велигден може да подариме добрина, внимание, разбирање, објаснување за воскресението на тие што тоа не го разбираат.

Која е симболиката на христовото воскресение?

Со распнувањето на Исус Христос на крстот, тој ја пролеал сопствената крв за наше спасение и за чистење на нашите гревови. За нас христијаните најважна е неговата жртва која ја принел за нас во име на големата љубов кон човечкиот род. Тоа докажува дека Бог не нè остава и е со нас.

РЕКЛАМА

Дали воскресените може да се сметаат за чудо?

Се разбира. Низ вековите се случувале многу чуда. Сведоци сме дека, од Цветници наваму, чуда се случуваат и денес. Впрочем, чистењето на фреските во црквата „Свети Великомаченик Димитрија“ тоа го потврдуваат.

Сметате ли дека чудото кое се случи е добар знак?

Божјите патишта за нас луѓето се чудни и не е наше да ги испитуваме. Наше е да бидеме со Бога, да ги почитуваме сите Божји заповеди и црковни закони. Чудото како чудо за оној кој верува не е толку потребно. Чудата кои Бог на директен или индиректен начин ги праќа служат за нас кои веруваме уште повеќе да ја засилиме верата во него, тие се духовна радост. За оние кои се скептични и се сомневаат, што за жал е дел од човековата природа која живее без Бога, ваквите чуда се доказ дека Бог навистина постои.

На Велигден му престои четириесетдневен пост. Дали е исправно кога некои верници постат во првата и последната седмица?

За жал не е, но тоа се прави од недоволно познавање на нашата вера. Според црковните канони, во нашата црква има четири пости: Петрови, Богородични, Божикни и Велигденски. За разлика од останатите три, велигденскиот пост е многу строг. Кога човек е стар или болен и доаѓа на покајаниеие-исповедание, неговиот духовен отец може да изврши разрешување, т.е. може да препорача како да пости со масло или не.

Исправно да се пости со масло или без него?

Во текот на седумте седмици маслото задолжително се употребува во саботите и неделите. Истото се употребува и во останатите пет ден од седмицата само ако денот е посветен на некој светител или ако тој ден се слави Благовештение или Цветници. Масло не се јаде и денес на Велика сабота. Многу луѓе постат и во сабота пред Велигден и во недела на Велигден што е неисправно и е грев. Бидејќи да не се јаде масло во сабота и недела е исто како во петок да се омрсите, т.е. да јадете масло. За да луѓето бидат правилно информирани треба да имаат свој духовен отец кој ќе ги поучува.

Освен постење што е потребно да се прави пред причестување?

За да човек се причести не е потребно само да пости. За време на постот потребно е да се засили молитвата, да се чита Светото писмо, да се прават подароци и да се посетуваат богослужбите во црквите. Тие се храна за душата и нè прават да бидеме среќни, радосни и силни. Со такво живеење го заслужуваме името на Господа Исуса Христа и заслужуваме да се нарекуваме христијани.

Чудото кое се случи во Вашата црква продонесе последнава недела пред Велигден да дојдат огромен број верници од земјава и странство.

Обично понеделник, вторник и среда пред Велигден немало толкав број верници кои учествуваат во богослужбите. На Велики четврток традиционлано кај нас беше поглаварот на нашата црква, владиката дедо Стефан. Вечерта се читаа дванаесетте страдални евангелија. Во нив на видлив начин се прикажуваат последните денови и моменти од земниот живот на Господа Исуса Христа. Тогаш беше изнесен и крстот-распетието. На Велики петок се служеа царски часови. На тој ден никогаш не се служи литургија, освен ако во петок не се падне Благовест. Во петок се изнесува плаштеницата и верниците до вечерва ќе поминуваат под неа, ќе се поклонуваат и ќе оставаат дарови. Во петок вечер на вечерната служба кога се оплакуваше Господа Исуса Христа кај нас повторно дојде дедо Стефан. Денес се служи света Василева литургија и се причестува дар од Оца. Триесетина минути пред полноќ три пати се врши обиколување на црквата и се влегува внатре. Тоа е круна на постот и молитвите кои сме ги засилувале. Препорачувам на оние кои постат дека тогаш е најубаво да се причестат.

Симбол на Велигден се вапсаните јајца. Зошто се препорачува да се фарбаат во црвена боја?

Црвената е боја на победата и на воскресението. Не е грев да има и други бои кои луѓето ги употебуваат заради декор. Всушност, испилувањето на пилето од јајцето е симбол на воскресението, а тоа е живот. Бидејќи сме се предале на материјалниот живот кој не е лесен, многу работи нè тиштат. За сметка на нив духовниот живот страда. Иако не треба да се случува, често паѓаме во очај.

На кој начин треба да поздравуваме и отпоздравуваме т.е. „Христос воскресе”-„Навистина воскресе”?

Поздравувањето и отпоздравувањето треба да ги кажуваме гласно и јасно, со радост, со весело срце и со чиста душа. Со доаѓањето на Велигден, се празнува победата на животот над смртта.

idividi

- Реклами -