24 C
Ohrid
сабота, септември 19, 2020
Почетна Македонија Зголемен број припадници на Армијата во дел од градовите во земјата- Ќе...

Зголемен број припадници на Армијата во дел од градовите во земјата- Ќе има ли и во Сингелиќ каде се закануваа со оружје???

Translate (Eng):[gtranslate]

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска на прес-конференција најави дека во следниот период припадниците на Армијата ќе бидат во зголемен број присутни како поддршка на Министерството за внатрешни работи и на единиците на локална самоупорава во сите општини каде што таа помош беше побарана.

„Можам да најавам дека припадниците на Армијата ќе бидат дополнително ангажирани во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Охрид, Струмица, Куманово, Битола, Прилеп, а во текот на денешниот ден разговараме и со конкретно Општина Центар, Велес, Кавадарци и Росоман. Очекуваме ваквото поголемо присуство и учество да им помогне и на општините и на МВР да се справат со спроведување на сите мерки за заштита“, изјави Шекеринска.

Одговарајќи на новинарско прашање за ангажирање на Армијата во Куманово, Шекеринската рече дека затворањето на овој град каде што има голем број заболени, ќе значи трошење многу ресурси, а нема да го реши проблемот.

РЕКЛАМА

„Единствениот лек и инструмент, кој што го кажуваат сите експерти е социјалното и физичко дистанцирање на повеќе од два метри. Ние можеме со непробојни врати да го затвориме Куманово, амо излезете по кумановските улици и ако повторно видите гужва пред банки, маркети, во парк, луѓе кои не се заштитуваат дополнително со опрема ниеден карантин нема да ве спаси од болеста“, рече Шекеринска.

Таа додаде дека Армијата во помош за справување на ширењето на коронавирусот и кризата воопшто, е ангажирана во повеќе сегменти.

„Прво, помош во контрола на границите и обезбедување на сигурност, безбедност и неповредливост на границите на државата, второ поставување и чување на контролните точки на влез и излез во одредени градови или општини, трето, обезбедување на критичната инфраструктура и виталните објекти, четврто поставување на полски болници како нашата во Инфективнаата болница, и користење на воените медицински капацитети и поддршка на цивилните здравствени капацитети, обезбедување на специјализиарани тимови за биолошка и хемиска одбрана за вршење на дезинфекција, нешто што Армијата го прави веќе во повеќе општини низ цела држава. Обезбедување на инжинериски градежни услуги, како што нашите инженериски екипи го правеа во Универзитетската клиника и блиску до Инфективната клиника, достава на пакети храна до социјално ранливи категории, обезбедување на подрачја и целосна поддршка на локалните власти и на МВР“, рече Шекеринска.

Министерката, која вчера првпат ја претставуваше Северна Македонија, како полноправна членка на НАТО на телеконференцискиот состанок на министри за одбрана на земјите на Алијансата посветен на кризата со Ковид-19, рече дека од искуството што го споделиле нејзините колеги речиси и да нема сојузничка армија која не ги прави истите задачи.

На состанокот биле презентирани искуства за справување со кризата, но од аспект на одбранбениот сектор и армиите, што според Шекеринска, било добро за да се направи споредба до каде сме ние, на кој начин реагираме, и на кој начин ја мобилизираме и ја ангажираме Армијата, а како тоа се прави во другите држави.

„Ме радуваше фактот што видов дека одговорот на сојузничките армии за справување со пандемијата со широк спектар активности е речиси идентичен на начинот на кој нашата армијата ја ангажиравме и ја користиме за поддршка на цивилните власти“, рече Шекеринска.

На состанокот се разговарало како земјите членки на НАТО се справуваат со пандемијата, но и на кој начин НАТО помага во таа операција и на кој начин може повеќе да се мобилизира.

 

 

 

 

- Реклами -