16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаОсмани во изолација- Носев заштитна опрема кога се сретнав со Димитриевски

Османи во изолација- Носев заштитна опрема кога се сретнав со Димитриевски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вицепремиерот Бујар Османи соопшти дека се изолирал и решил да не отиде на состанокот на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски, по средбата со кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски на кого му е дијагностициран коронавирусот.

<

Османи рече дека ќе се тестира за да провери дали и тој е позитивен, посочувајќи дека постојано носел заштита опрема во текот на средбата.

„По позитивната потврда за СОVID-19 на Градоначалникот на Куманово, а поради тоа што вчера имавме состанок во општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштита маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денес да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај Претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите“, посочи Османи.

Тој му посака брзо закрепнување на градоначалникот Димитриевски, како и на сите граѓани заразени со коронавирусот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...