3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Јас како премиер од мојот дом непречено ќе работам за доброто...

Спасовски: Јас како премиер од мојот дом непречено ќе работам за доброто на Северна Македонија.

spot_img

Премиерот Оливер Спасовски попладнево, преку видео обраќање, соопшти дека од денеска е во домашна изолација. Од својот дом ќе ги извршува работните обврски, а Владата, истакна, ќе функционира непречено.

Во однос на Велигденските празници, Спасовски апелира сите да покажеме одговорност и да ги почитуваме препораките за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Спасовски е во самоизолација по препорака на епидемиолозите, зашто имал контакти со градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој е позитивен на Ковид-19.

-По веста дека градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски има позитивен резултат на тестот за коронавирус, а со оглед на фактот дека вчера имавме средба на заедничкиот состанок на општинскиот кризен штаб, во насока на почитување на препораките на епидемиолозите, јас одам во домашна изолација. На градоначалникот Димитриевски му посакувам успешно закрепнување и добро здравје. Од мојот дом непречено ќе ги извршувам сите мои работни обврски како премиер. Владата ќе функционира непречено, преку интернет конференциската врска и ќе ги извршуваме секојдневно обврските и приоритетите во овие вонредни услови. Кризниот штаб и Владата, како и во изминатите денови ќе се состануваат секој ден, преку видео врска, истакна Спасовски.

Според него, ширењето на коронавирусот е во рамки на очекуваното. Анализата покажува дека земјата се движи согласно проектираното контролирано сценарио, без екстремно висока експанзија на новозаболени. Од друга страна, расте бројот на излечени.

-Пред два дена сите се израдувавме, имавме 42 оздравени наши граѓани само во еден ден. За ја задржиме постоечката контрола врз ширењето и за да дојдеме до моментот кога бројот на излечени ќе станува поголем од бројот на новозаболени, мора секој од нас да даде придонес. Потребен е сериозен и одговорен однос од секој од нас. Само така ќе успееме, нагласи премиерот.

Потенцира и дека нема простор за импровизации, ниту за пропусти.

-Физичката дистанца од два метра сите да ја разбереме како правило. Не е тешко. Отстапете два чекори од лицето до вас или побарајте другите да го направат тоа. Нема лутење, за здравјето се работи. За животот ваш, наш, мој, твој, за животот за сите граѓани се работи, рече Спасовски.

Во пресрет на Велигденските празници, апелира сите да покажат одговорност, смиреност, да ги обезбедат неопходните намирници и потреби за периодот кога целосно ќе се ограничи движењето од петок во 16 часот до вторник до пет часот наутро.

-Да го направиме тоа во достоинствен ред. Со два метри дистанца од секого. А, маркетите и другите продавници задолжително да се погрижат за редот и дистанцата. Маркетите се добро снабдени, секој ќе може да го набави потребното. Само трпение, дистанца и почит кон другите. Тоа ќе ни донесе здравје. Мерките важат за сите. Ама за сите. Не смее и нема да има привилегирани. Нема да отстапиме ни педа. Забраната за движење е забрана за сите. Забраната за групирање е забрана за сите.
Здравјето и животот, тие се единствените причини за овие забрани. Забраната за движење и за групирање значи и забрана за неконтролирано ширење на вирусот, напомена претседателот на Владата.

Свесен за сите дилеми кои деновиве се отворија околу начинот на практикување на верата среде криза и за време на Велигденот, Спасовски уверува дека има начин.

-Целиот свет поинаку го чествува Велигден оваа година. Исто ќе биде и кај нас. Ќе се помолиме во домовите, во најтесниот круг на семејството, наместо во храмовите. Во храмовите ќе бидат свештениците и тие од таму ќе ги пратат своите пораки и молитви. А ние, мора да останеме во домовите. Нема импровизации со оваа работа. Тој што ќе отстапи го загрозува своето здравје и здравјето на своите блиски. Тој што ќе отстапи и ќе се однесува несериозно, загрозува живот. Да не си играме со здравјето и животот. Сите вие знаете дека ова можеме да го изведеме. Со верба, со внимателност, со трпение и со одговорност. Ајде да ја завршиме заедно оваа работа што поскоро, за да дојдат моментите на стабилизирање и намалување на рестрикциите. Да, животот се промени, но така е во целиот свет. Да го прифатиме овој предизвик и да го решиме со успех, вели премиерот Олиер Спасовси во видео-обраќањето.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...