14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЕве во кои градови во Македонија НЕМА КОРОНАВИРУС

Еве во кои градови во Македонија НЕМА КОРОНАВИРУС

Во текот на вчерашниот ден потврдени се 66 нови случаи на Ковид-19 со што во земјава има вкупно 974 дијагностицирани пациенти. Едно лице почина, а регистрирани се 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови. Тие по два контролни теста се негативни на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

Според Институтот за јавно здравје највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 183,6 заболени на 100.000 жители, во Дебар инциденцата на 100.000 жители останува на 176,5, додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Прилеп, Струга, Велес, Штип, Кочани и Скопје.Додека во овие градови според мапата : Неготино, Кратово, Пробиштип, Дојран, Свети Николе, Кичево, Берово, Виница, Делчево, Пехчево нема ниту еден заболен.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 465 машки и 509 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 44,9/100.000, додека кај женските 49,3/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 212 (21,8%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 76,2/100.000. Кај лица над 60 години регистрирани се 207 случаи со инциденца од 54,0/100.000 (Графикон 1). Најниска инциденца од 14,4 и 16,0 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 33 и 40 случаи соодветно.

Регистрирани се 45 смртни случаи (Лт = 4,6%). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=31) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 8,1/100.000 жители. Од починатите, кај 33 (73,3%) се регистрирани коморбидитети.

vesnik.com

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...