14.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Да празнуваме со душа, а да делуваме со ум, добрината да...

Заев: Да празнуваме со душа, а да делуваме со ум, добрината да не води кон иднината

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден испрати честитка до православните верници.

<

-Како и секоја година, така и годинава, сите верници ќе му се поклониме на Севишниот човекољубец – Исус Христос, славејќи го неговото Воскресение, како празник над празниците. Како и секоја година, така и годинава, ќе се огласат црковните камбани за да ни пратат убава вест што ќе ни измами насмевки на лицата. Нивниот глас надалеку се слуша. Но годинава, како никогаш  досега, Велигден го очекуваме затечени со сериозна опасност која надвиснала над светот и нашите глави. Исправени пред ваквиот сериозен предизвик, мораме заеднички да делуваме мудро, за на крајот да излеземе како вистински победници. И Исус Христос би го побарал тоа од нас. Ако тој со смртта, смртта ја победил  и сторил триумф на животот,  можеме и ние – неговите чеда, во наша и негова чест да се заштитиме од злото што не демне, вели Заев.

Порачува празнувањето годинава поради пандемијата, да биде во домот со семејството.

-Да му се радуваме и да го славиме Велигден, со срца и души, а да делуваме со ум. Фокусот на сите празнувања е во домот и семејството. Нека биде така годинава, од почетокот до крајот на Христовото Воскресение. Така ќе си овозможиме, во некои следни и поубави денови, повторно да ги пречекориме праговите на божјите храмови и здрави, живи, среќни и весели да ги празнуваме сите христијански празници, вклучително и Велигден. Во овие празнични мигови, да и дадеме предност на содржината пред формата, навлегувајќи во суштината на христијанството. Да си ги прочистиме душите и да им дадеме можност на добрината и мудроста да не водат во иднината на нашите животи.Само така ќе успееме, со озарени лица да поздравуваме и отпоздравуваме со ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ. Имајте здрави, среќни и весели семејства со топлина, хармонија и благосостоба во  домовите, се наведува во честитката од лидерот на СДСМ Зоран Заев по повод Велигден.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...