-0.1 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаКарантинот почна да дава резултати, денес имаме само 18 новозаболени и 21...

Карантинот почна да дава резултати, денес имаме само 18 новозаболени и 21 оздравени пациенти.

spot_img

Со ова до денеска, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200.

Починати се тројца пациенти позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на коронавирус.

По градови: Скопје-2,Куманово-9,Штип-2,Тетово-2,Велес-1,Гостивар-1,Пехчево-1.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1225 , а последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 411,Куманово – 338,Дебар – 51,Штип-34,Прилеп –117,Тетово – 57,Струга – 55 ,Велес – 59, Битола –17, Охрид –15, Кавадарци – 4,Гостивар –13,Гевгелија – 4,Струмица – 2,Крива Паланка-4,Радовиш – 4,Крушево – 3,Кочани – 27,Пробиштип – 2,Кичево – 2, Неготино -2,Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2,Пехчево- 1.

Во изминатото деноноќие направени се 263 теста. Преку ИЈЗ –252, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –0 и Систина со PCR метода -11. Досега во земјата се направени вкупно 12133 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, примени се 3 пациенти од Скопје, Струга и Прилеп со средно-тешка и тешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 56, од кои 18 се на кислородна поддршка, а 3 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 15 нови пациенти. Суспектни пациенти кои добија негативен резултат се префрлени на други оддели, па во моментов на одделот за ковид се хоспитализирани 34 потврдени и суспектни пациенти. Со потешка клиничка слика се 9 пациенти, а 6 се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти потврдени и суспектни на ковид, а на домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

Во штипската болница во мометов се лекуваат 5 ковид позитивни пациенти, сите во стабилна состојба, а на домашно лекување се следат 19 пациенти.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...