5.4 C
Ohrid
четврток, ноември 26, 2020
Почетна Македонија Скопјанец се обиде да ги расположи комшиите со народни песни и ора,...

Скопјанец се обиде да ги расположи комшиите со народни песни и ора, па тие му викнаа полиција.

Translate (Eng):[gtranslate]

Поради пандемијата со коронавирусот, секојдневно сме сведоци на снимки кои доаѓаат од сите краишта на светот, а прикажуваат како луѓето го поминуваат времето во изолација.

Терасите и дворовите станаа нашето ново место за прибежиште од грижите кои ги создава коронавирусот. Досега воочивме многу журки кои се одржаа на сите континенти, а со оглед на што го поминуваме и најголемиот христијански празник Велигден во домовоите, воопшто не зачудува што и кај нас вчера ечеше гласна музика од терасите.

Така, на твитер се појавија две видеа од скопската населба Кисела Вода, за кои пишува дека се направени вчера. На првото видео се гледа како еден човек со микрофон и гласна музика во доцните вечерни часови им се обраќа на комшиите, велејќи им „Луѓето ми се најголемо богатство. Сите овие луѓе што се на терасите можеби ме снимаат и ќе ме има по портали, ама што да правам“, по што почнува да пее и додава „Сите сме на тераси, што да правиме. Излегоа луѓето, сакале нејќеле, ме слушаат. Дали им се допаѓам, не им се допаѓам, ги расположив, колку знам, толку.“ Но некои од комшиите го пријавиле и во полиција поради гласната музика и вознемерување во доцните часови.

РЕКЛАМА

Во продолжение погледнете за каква забава станува збор:

- Реклами -