33.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаСветДиректорот на СЗО со лоши вести: Укинувањето на рестриктивните мерки не значи...

Директорот на СЗО со лоши вести: Укинувањето на рестриктивните мерки не значи крај на епидемијата, туку почеток на наредната фаза во борба со истата.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Адан Гебрејесус, ги предупредил земјите кои што планираат да ги ублажат мерките за сузбивање на пандемијата, да бидат подготвени на брз одговор во случај на нова епидемија Ковид-19.

<

Тедрос на виртуелниот состанок со министерството за здравство со земјите членки на G20, изјавил дека го охрабрува фактот што некои од членките почнуваат да планираат да се ублажат социјалните рестрикции поради пандемијата.

Меѓутоа, како што пренесуваат од AP, тој укажал дека клучно е тие мерки на ублажување да бидат спроведени во фази.

Укинувањето на рестриктивните мерки, како што додал тој, не значи крај на епидемијата во било која земја, туку почеток на наредната фаза во борба со истата.

„Од витално значење е во таа следна фаза, земјите да се едуцираат прво, да ангажираат зајакнување на своите луѓе за превентивно да спречат и брзо да одговорат на новата појава на вирусот. Да обезбедат доволно капацитети за тестирање, да изолираат и да водат грижа за секој случај на коронавирусот и да го следат секој еден чекор и контакт на заболените“ – изјавил Тедрос.

Директорот на СЗО изразил и загриженост поради засилувањето на пандемијата коронавирус во сиромашните земји, онаму каде што има недостаток на ресурси поради големиот број позитивни случаи.

точка

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...