27.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицискиот час ќе почнува во 19 часот но тој што нема да...

Полицискиот час ќе почнува во 19 часот но тој што нема да носи заштитна маска на овие места ќе биде казнет.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полицискиот час во работните денови да започнува од 19 часот, а за викендите да почнува од 13 часот во сабота и да трае до 5 часот наутро во понеделник. Ова се дел од измените за движењето на граѓаните кои Комисијата за заразни болести ги предложила до Владата.

<

Како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, по анализа на состојбата со коронавирусот во земјава, Комисијата одлучила да предложи релаксирање на мерките, но да се воведе задолжително носење заштитна опрема при движење во затворени простории или јавни површини каде што нема можност за држење физичка дистанца од два метра, но доколку некој не се придржува и на овие мерки ќе биде казнет.

Да почнува секој работен ден во 19 часот наместо во 16 часот. Со ова ќе се добијат дополнителни часови за граѓаните да може да ги завршат обврските и да ги набават потребните продукти. За возрасните граѓани движењето се продолжува од 8 часот наутро до 12 часот напладне. Младите до 18 години сега ќе може да се движат од 13 часот до 16 часот. Предлог е полицискиот час за време на викендот да остане, но со скратено време и да почнува од 13 часот во сабота и ќе трае до понеделник до 5 часот наутро, рече Филипче.

Останува забраната за групирање граѓани и сите други мерки кои се во сила во однос на физичката дистанца во користењето на јавните површини и парковите. Паралелно со ова релаксирање, се воведуваат нови задолжителни мерки на заштита. Граѓаните ќе треба да носат лична заштитна опрема на лицето при движење во затворени објекти и на отворено, во ситуација кога нема да бидат во можност да се одржи препорачаната дистанца од два метра.

Попрецизно, заштитна опрема треба да се носи на сите јавни места од затворен тип како маркети, продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи и сите затворени објекти каде што има повеќе лица. На отворените јавни површини заштитна опрема треба да се носи на места каде што нема простор за дистанца. На пример, пазарите, тие се места каде што мора да се носи таква заштитна опрема, рече Филипче.

Исклучок за носење на заштитна опрема се прави само ако лицето престојува во двор на станбена семејна куќа, вози велосипед или спортува на отворено, но ја држи потребната дистанца од два метра и не го прави тоа во група, согласно наведените рестрикции. Исклучок за носење заштитна опрема ќе има и при возење во патничко моторно возило заедно со членови од семејството кои живеат во заедница, односно во едно домаќинство.

Граѓаните мора да разберат дека ова мора да се почитува. Дека физичката дистанца од два метра е задолжителна, а секогаш кога ќе се најдеме во ситуацијата во група над пет лица и не можеме да се оддалечиме, секогаш да се користи таа заштитна опрема, додаде Филипче.

Компаниите во сите своите објекти, подружници и експозитури ќе бидат задолжени да обезбедат заштитна опрема за сите свои вработени и да забраната влез на посетители доколку тие немаат заштитна опрема.

„Заштитата треба да се состои во тоа што ќе бидат покриени носот и устата, без разлика дали е со маска за еднократна или повеќекратна употреба. Може да се носи марама или шал или нешто слично, што практично ќе ги покрие носот и устата, додаде Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...