12 C
Ohrid
понеделник, март 8, 2021
Почетна Македонија Акција на МВР запленети (1.240 кг) марихуана во Скопје.

Акција на МВР запленети (1.240 кг) марихуана во Скопје.

Translate (Eng):[gtranslate]

-Бирото за јавна безбедност преку Одделот за криминалистичка полиција во рамките на засилените мерки во борбата против недозволената трговија со дрога во координација и насоки со ОЈО Кавадарци во моментов спроведува акција на подрачјето на град Скопје, при што во магацин во населба Бутел се пронајдени и одземени 12 палети во кои има еден тон и двесте и четириесет килограми (1.240 кг) наркотична дрога марихуана спакувана во полиетиленски вакумирани пакувања и црни полиетиленски вреќи, информира директорот за јавна безбедност Сашо Тасевски.

Тој информира дека во акцијата е уапсено едно лице.

-Лишено е од слобода едно лице против кого ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 1 од Кривичниот законик до ОЈО Кавадарци. Истрагата е во тек со цел утврдување и откривање на други лица инволвирани во случајот на недозволена трговија со марихуана.

РЕКЛАМА
- Реклами -