15.5 C
Ohrid
вторник, октомври 15, 2024
ПочетнаМакедонијаДоктор Пановски: Пик на корона вирусот ниту имаше, ниту ќе има!

Доктор Пановски: Пик на корона вирусот ниту имаше, ниту ќе има!

Пикот помина или допрва следи? Здравствените власти најавуваат едно, дел од медицинската фела друго. Пик на коронавирусот во Македонија ниту имало, ниту ќе има, вели за телевизија Алфа докторот вирусолог Никола Пановски. Ова негово тврдење е спротивно со она што го очекуваат здравствените власти насекаде низ светот. Кај нас пак надлежните велат пикот на Ковид 19 се очекува наредниов период. Пановски вели оваа болест ќе трае и понатаму, без да има некој посебен пик.

-Според мене пик нити имаше, нити ќе има се е тоа едно плато кое трае веќе две недели или можеби повеќе, имаше некои денови кога беше 107, ама претходните па имаше многу малку зависно од што селектираат за испитување и колкав е број на тестовите. Просек е 10 проценти од тестовите се позитивни, последниве гледаме процентот е понизок, иако има малку тестирања, процентот е под 5 посто, така што мислам дека е поминат пикот ако воопшто имало пик, вели Пановски за Алфа.

Иако, Пановски вели за пик на ниво на цела држава не можеме да зборуваме, за такво нешто може да се каже дека имало во некои градови. Таков е примерот со Дебар, каде веќе ситуацијата е сосем смирена, а бројките даваат оптимизам и кога е Куманово во прашање.

-Некои градови имале пик може да кажеме за Куманово, каде што наеднаш се зголеми бројот, па сега почна да паѓа. За Скопје не можеме да кажеме, цело време се влечат овие случаи, без посебно зголемување или намалување, вели Пановски.

Пановски вели олабавување на полицискиот час е многу подобра опција од оној досегашниот кој започнуваше од 16 часот. Според неговите зборови, многу подобро ќе било доколку воопшто не се воведуваше толку ригорозен полициски час.

-Мислам дека помалку ќе се заразуваат сега кога е од 19 часот, отколку од 16, бидејќи помалку ќе се гужваат луѓето, кога се враќаат од работа, кога одат по продавници. Мислам дека ова е пологично, мислам дека не требаше воопшто да се воведува до 16 часот, вели Пановски.

Во последниве три дена направени се вкупно 1.110 тестови, а позитивни се 73 лица, односно процентот на позитивни во однос на тестирани е под 10 отсто. Со денешните 28, бројот на заразени во Македонија порасна на 1259. Досега само еднаш на дневно ниво бројот на заразени беше над 100.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По 25 години во Сител, Ивона Талевска почнува со работа во Алфа Тв.

По точно 25 години, познатата новинарка, водителка и уредничка Ивона Талевска, ја напушти телевизија Сител. „Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со...

Касами бара парите да бидат на албански јазик.

Биљал Касами вчера во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека еден од Законите кои мора да се промени е тој за Централна банка,...

Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче

Тодор Кирков, зет на убиениот Панче Жежовски, денеска сведочеше на судењето за двојното убиство. Во својот исказ, Кирков ја опиша динамиката на односите со...

Тошковски најави засилен видео-надзор откако првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца првооделенци од училиштето „Димитар...