12.9 C
Ohrid
сабота, април 19, 2025
ПочетнаМакедонијаДржавата купувала ракавици и маски по цена повисока и од онаа во...

Државата купувала ракавици и маски по цена повисока и од онаа во аптеките.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еден и пол милион евра, 71 договор, нема количини, нема поединечни цени, тајни договори, 900 илјади евра за нови респиратори кои никој не ги видел и маски, ракавици и скафандери со цени повисоки од тие во аптека. Ова е во кратки црти суштината од извештајот на Граѓанскиот центар за комуникации, за јавните набавки што ги спровела владата од почетокот на епидемијата со Корона вирусот. Во речиси половина од случаите кога јавните институции вршеле набавки за заштита и превенција од коронавирусот, се преговарало само со една компанија, маските честопати биле платени поскапо од нивната цена во аптеките. Ова го покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации, според која во секој петти договор за јавна набавка не се објавувале ниту количините на набавените производи, ниту пак поединечните цени. За итните јавни набавки поврзани со заштита и превенција од ширењето на заразата од коронавирусот, од почетокот на март до 20 април склучени се 71 договор во вкупна вредност од 1,5 милион евра.

<

„Иако во мониторираниот период е зголемен бројот на објавени договори за итните набавки, сепак дел од институциите и натаму не ги објавуваат известувањата за склучен договор и самите договори“, стои во извештајот на Центарот за граѓански комуникации.

Најголема поединечна набавка досега е онаа за респираторни машини, за која се потрошени 909 илјади евра. Инаку значаен дел од институциите преговараат само со една фирма пред да ги склучат итните договори.

„Конкуренцијата во итните набавки е единствената гаранција дека добиените понуди се реален одраз на состојбите на пазарот“, пишува во извештајот.

Центарот утврдил дека се набавува најразлична опрема по различни цени, а најспорен е делот за маските

„Шареноликост постои и во однос на скафандерите, па некои купуваат од оние за еднократна употреба, за кои плаќаат од 177 до 485 денари, а други купуваат скафандери за повеќекратна употреба, по цени од 1.180 денари. Кога станува збор за прегледните ракавици за еднократна употреба, забележана е значајна разлика во цените: од 1,76 денари до 4,70 денари. Малопродажната цена за овие ракавици е главно 3,5 денари и произлегува дека одредени институции ги купуваат по цени што се повисоки и од малопродажните“, пишува во извештајот.

Од Центарот за граѓански комуникации апелираат дека државните институции треба транспарентно да ги објавуваат сите одлуки за избор и склучените договори.

Дејан Трендов

алфа тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тешка сообраќајна незгода кај Кичево- Три лица се мртви другите патници итно се префрлаат во скопските клиники.

Вечерва на патот Кичево-Гостивар помеѓу Кичево и село Трапчин Дол се случила тешка сообраќајна несреќа во која како што информира портпаролот на СВР Охрид...

Непознати лица ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо

Денеска сопственичката на фризерницата која е на 10 метри од влезот на зградата каде живеела Вања и од која таткото и кумашинот Гоце Трајковски...

На Велики Петок, охридскиот музичар Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха.

На Велики Петок, точно напладне, охридскиот музичар Охриѓанецот Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха“, неговата прва инструментална композиција, посветена на Христовото...

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва Денес, Велики Петок, е еден од најтажните и најсветите денови во христијанската традиција. Тоа е денот...