30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаСветШтом ''Терминатор'' почна да носи и да продава заштитни маски, овој вирус...

Штом ”Терминатор” почна да носи и да продава заштитни маски, овој вирус е дефинитивно опасен.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

И неуништливиот терминатор се плаши од ковид-19.

<

Легендарниот актер Арнолд Шварценегер (72), познат по улогата на „Терминатор“, на свој начин се бори со коронавирусот, тој продава заштитни маски со ознака „Ќе се вратиме“.

Фразата „I’ll be back“ стана негов заштитен знак откако ја повтори во неколку делови на филмот „Терминатор“, а сега поранешниот гувернер на Калифорнија дизајнираше маска украсена со порака.


Неговите заштитни маски ќе почнат да се продаваат од 1 мај, а приходите од продажбата одат во добротворната организација „After-School All-Stars“, која им помага на децата од сиромашните семејства, но исто така обезбедува храна за семејствата кои се најпогодени од пандемијата на коронавирус. Тој ја основаше оваа организација во 2002 година и таа веќе поддржува околу 92,000 студенти во десет држави на САД.

Шварценегер долго време е вклучен во борбата против коронавирусот. Во март донираше 1 милион американски долари на „Фондот за поддршка на фронтот“, кој ги поддржува лекарите, медицинските сестри и луѓето од „првите линија“ во борбата против вирусот. Тој, исто така, постојано ги повикуваше своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи да останат дома, а на актуелниот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом, му помага како советник во борбата со пандемијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...