26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицијата апелира до граѓаните: Немој да не снимате или сликате додека работиме...

Полицијата апелира до граѓаните: Немој да не снимате или сликате додека работиме ќе одговарате кривично

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Како Македонскиот полициски синдикат се обраќаме до сите медиуми во Република Северна Македонија (пишани и електронски медиуми, интернет портали, социјални мрежи и др.) со барање односно замолница во иднина кога се објавуваат видео материјали и фотографии на кој се гледа идентитетот на полициски службеници, без разлика дали се во униформа или во цивилна облека, како превземаат службени дејствија истите да бидат со формат и содржина со кој ќе биде заштитен идентитетот на полициските службеници, а се со цел заштита на безбедноста на самите службеници и семејствата на истите бидејќи полициските службеници работат со секаква категорија на лица.

<

Повод за ова обраќање се зачестените неосновани напади по социјалните мрежи и интернет портали каде се објавуваат видео снимки на кој се гледаат вработените во МВР како презвемаат службени дејствија на терен, со што сметаме дека на овој начин се врши психички притисок над вработените во Министерството, поради што може да настанат пропусти во работењето, а со тоа индиректно да биде загорзена безбедноста на државата и граѓаните од една страна, но и личната безбедност на вработените во МВР и безбедноста нивните семејства.

Исто така ги замолуваме граѓаните да се воздржат од неовластено снимање односно фотографирање на полициски службеници и постирање на таквите матријали на социјалните мрежи, со што можеби несвесно ја загрозуваат безбедноста на вработените во МВР и безбедноста на нивните семејства.

Истовремено аплелираме доколку било кој граѓанин на Република Македонија има било какво сознание за злоупотреба од вработени во МВР да го пријави до надлежните институции.

Во спротивно како синдикат цврсто ќе застанеме во заштита на нашите колеги и во иднина за секој поединечен случај на неовластено снимање и фотографирање ќе бидеме приморани да поведеме постапка со цел утврдување на одговорност кој сликал и зошто ги објавил односно споделил тие фотографии или видео матријали имајќи предвид дека станува збор за кривично дело неовластњно снимање, кое е инкриминирано во член 152 од Кривичниот законик на Македонија и кривично дело злоупотребa на лични податоци кое е инкриминирано во член 149 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...