19.2 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаСвет(Видео) Кина ја предупреди Австралија: Прекинете ја истрагата за коронавирусот или ќе...

(Видео) Кина ја предупреди Австралија: Прекинете ја истрагата за коронавирусот или ќе платите скапо

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Повикот на австралиската влада до Кина да го објасни своето несоодветно справување со смртоносната пандемија на Ковид-19, може да предизвика бојкот од кинеските потрошувачи, кои може веќе да не патуваат и студираат во Австралија или да ги бојкотираат австралиските извозни производи, вклучувајќи ги говедското месо и виното.

<

Ова е строгото предупредување од кинескиот амбасадорот во Австралија, Ченг Јингје во интервју за „Аустралиан фајненшл ривју“. Амбасадорот вели дека притисокот за истрага од Австралија е опасен и осуден на пропаст, дополнувајќи ги претходните критики од Пекинг, кои ја прикажаа Канбера како безобразен лакеј на САД во Пацификот.

„Мислам дека долгорочно … ако расположението оди од лошо на полошо, луѓето би размислиле – зошто да одиме во земја што не е толку пријателска кон Кина? Родителите на студентите исто така би помислиле дали ова место, кое не е толку пријателско, дури е и непријателско, е најдоброто место за испраќање на нашите деца“, рече тој.

Образованието е трет најголем извозен продукт на Австралија и придонесува со повеќе од 30 милијарди долари годишно во економијата. Амбасадорот одби да коментира дали клучните извозни производи, како железната руда, јагленот и гасот, исто така, ќе бидат погодени од т.н. антикинеско расположение.

Австралискиот министер за здравство, Грег Хант, тврди дека независна истрага е во интерес на Австралија и на светот.

По три милиони заразени и повеќе од 200.000 изгубени животи, секако дека мора да има независна устрага. Да се ​​има голем глобален, катаклизмичен настан и да не се разгледа, ќе изгледа многу чудно и на крај мора да ги преземеме чекорите што не се само во интерес на Австралија, туку во интерес на целото човештво“, рече Хант за „Аустралиан броудкестинг корп“.

Министерката за надворешни работи на Австралија, Марис Пејн, претходно ја истакна својата загриженост за транспарентноста на Кина и ги изрази своите сомнежи и околу перформансите на Светската здравствена организација (СЗО).

„Прашањата околу коронавирусот се прашања за независна истрага и мислам дека е важно да го сториме тоа. Всушност, Австралија апсолутно ќе инсистира на тоа“, изјави Пејн за Еј-би-си њуз.

Австралијците се едни од најгласните критичари на опасното одбивање на Кина да ги затвори „мокрите пазари“ што се сметаат за извор на вирусната пандемија и на зачудувачката поддршка од СЗО за повторното отворање на овие пазари.

извор: Makfax

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...