21.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаПендаровски не се согласува со Малески но и понатаму го сака за...

Пендаровски не се согласува со Малески но и понатаму го сака за свој советник

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Последните јавно искажани ставови на професорот Денко Малески не кореспондираат со размислувањата и ставовите на претседателот Стево Пендаровски за македонско-бугарските односи, одговори претседателскиот кабинет на прашањето на Радио Слободна Европа за ставот на претседателот Пендаровски во врска со коментарите на професорот Малески, кој е негов надворешен советник.

<

„Професорот Денко Малески е надворешен советник на претседателот Пендаровски, кој има уште двајца надворешни советници за прашања од областа на надворешната политика. Во Кабинетот, постојани советници за овие прашања се амбасадорот Гоце Карајанов и д-р Александар Љ. Спасов со кои претседателот е во комуникација на дневна основа. Освен споменатите, претседателот се консултира и со многу други експерти и професори од академската заедница и од МАНУ. Последните јавно искажани ставови на професорот Малески не кореспондираат со размислувањата и ставовите на претседателот Пендаровски за македонско-бугарските односи“, ни одговорија од претседателскиот Кабинет.

Сепак, велат од Кабинетот, тој факт не значи дека претседателот Пендаровски не треба да соработува со професорот Малески.

 

„Одамна е зад нас времето кога сите советници на претседателот и премиерот, до последен, имаа задача само да ги повторуваат ставовите на своите претпоставени“, се вели во одговорот од Кабинетот на Пендаровски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонските организации од Сиднеј донираа над 84.000 австралиски долари за жртвите од пожарите во Кочани.

Почитувани, Со гордост ве информираме дека денес Прилепското Друштво Методија Андонов- Ченто од Сиднеј официјално потпиша договор за соработка со организацијата Супорт Кочани и изврши...

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...