9.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаКако јавната набавка за респиратори се претвори во донација – нов скандал...

Како јавната набавка за респиратори се претвори во донација – нов скандал на министерството за здравство

Министерството за здравство го тресе нов скандал со набавката на апаратите за дишење. За тоа што се крие во заднината на последната јавна набавка на 200 респиратори, пишува во денешното издание на Фокус.

Имено, владата одобрила интервентна набавка на 200 респиратори за време на вонредна состојба со коронавирусот, а за набавката Министерството за здравство објавило јавен повик на нивната веб-страница. Но, наместо како до сега, огласот да оди преку Бирото за јавни набавки, владата донела уредба тој да трае 72 часа од моментот на објавувањето, а оцена на понудите направила тричлена комисија од редот на вработените административни службеници во ресорното министерство.

По кратка постапка, на 14 април годинава била објавена и одлуката на веб-страницата на Министерството, во која се навело дека две од девет пријавени фирми ги исполниле условите за набавка на 31 респиратор, и тоа 26 од Јужна Кореја и 5 од Германија. Цената на еден респиратор била 25 илјади евра. Двете фирми што ги исполниле условите биле “Соникс Анастасија” ДООЕЛ Скопје и “Винора“ ДООЕЛ Скопје. Другите испаднале од игра, бидејќи според одлуката, на која стои потписот на Филипче, некои од нив не можеле да ги испорачаат во рок од 30 денови.

Филипче неколку пати на пресови се фалел, како што пишува во Фокус, со набавката на апаратите за дишење, но затоа пак минатата сабота без да се појавел на редовната прес-конференција само преку соопштение од министерството за здравство ја известил јавноста дека тендерот повторно се поништува. Причина било тоа дека двете компании неможеле да ги испорачаат респираторите во договорениот рок.

Дали е тоа вистинската причина или министерот Филипче насетил нов скандал во министерството. Редакцијата Фокус побарала одговор од министерството како и двете фирми во исто време одлучиле да се повлечат но, од таму им рекле дека министерството не добива детални одговори од фирмите кои учествуваат на тендери.

Најголем интерес предизвикала компанијата “Соникс” ДООЕЛ, за која Фокус вели дека е лидер во добивање на тендери што може да се види и на страницата на Бирото за јавни набавки каде јасно се гледа дека имаат склучено 250 тендери.
Но, сопственикот на оваа компанија Кирил Дудески за Фокус дава сосема спротивна изјава од онаа на министерството за здравство.

Тој вели дека неговата фирма ги исполнила барањата на министерството, односно дека со лични контакти издејствувале од УНОПС и ЕУ сите респиратори да одат како донација од нив и сите 26 апарати пристигнале на време во државата без владата да потроши ниту едно евро. Донацијата била промовирана пред една недела и апаратите ги врачила Делегација на ЕУ во земјава. Значи апаратите се во државата, а министерството кажува дека јавната набавка е поништена поради одредени причини.

Значи компанијата “Соникс” не излегла и не ја кажала нивната страна од приказната, молчела а, решила да биде хумана. Дури и Филипче кога се заблагодарил на ЕУ, не го спомнал името на компанијата.

Како што дознава Фокус, сопственикот на оваа компанија имал и блиски релации со екс министерот за здравство Никола Тодоров, кој откако дошол во тој ресор бизнисот на “Соникс” процветал. Актуелниот министер Филипче беше советник и на Зоран Заев и на Никола Тодоров кој сега јавно му дава поддршка и го фали на сите страни, пишува Фокус. Филипче и неколку пати се појавува на прес-конференции заедно со Тодоров. Оттука не е спорна блиската релација меѓу Филипче и Тодоров.
Според извори на Фокус, и сега тендерите во министерството за здравство поминуваат преку Тодоров.

Факт е дека Филипче предвреме го насетил овој скандал со респираторите, па како што пукна “бомба” за тендерот за биохемиски реагенси, бизнис-зделка тешка 37 милиони евра, така и сега прво се договориле, па се повлекле од тендерот, пишува Фокус.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Митрополит Тимотеј

Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница. Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј починал денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил...

Граѓани од Скопје бараат од надлежните да ги заштитат од агресивно куче

Во групата на ФБ „ Во одбрана на Буњаковец“ е објавен апек до надлежните за да ги заштитат од агресивно црно куче , кое...

Охриѓанка крадела по бутици во Гостивар

Вчера полицајци од Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во...

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...