19.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаСред полициски час во Крива Паланка со брусилици се брише сонцето од...

Сред полициски час во Крива Паланка со брусилици се брише сонцето од Кутлеш(ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Крива Паланка со брусилици се брише сонцето од Кутлеш сред полициски час.По овој повод поранешниот градоначалник на Крива Паланка Арсенчо Арсовски се огласи на својот Фејсбук профил:

<

Кога го градевме плоштадот “Карпошово востание” го градевме и се гордеевме со тоа. Се гордеевме како паланчани не како членови на политички партии. Сега на најподмолен начин во време на полициски час го откорнуваш сонцето на вергина од градскиот плоштад и тоа онака, поданички и предавнички баш како што ти личи. Си го покажувате правото лице. Тој симбол меѓу другото беше и првото државно знаме на повеќепартиска Република Македонија. И сега ти неспособен за нешто ново да направиш мислиш дека со вакви предавнички работи ќе се прославиш. Ејј мизеријо од човека, што правиш?

Точно можеби Грците ќе ти кажат браво но сите Македонци ќе те презираат мизеријо. Впрочем ти и ништо не направи ново само уништуваш. Со својата сопствена програма го избриша подот и виде дека мојата програма е навистина за почит и сега се што правиш е реализација на мојата програма. Кажи мизеријо, една работа што направи за градот ново, а да е дел од твојата програма, немаш ништо затоа што не си способен, кажи еден нов проект – од идеја до реализација, немаш, затоа што не си способен. На изградената спортска сала менуваш име како да е тоа толку голема работа,- можеби ќе го ставиш во отчетот. На направен плоштад со македонски симболи ги скрвнариш и се поигриваш со чувствата на македонците тоа ли е твојот максимум, тоа ли е твојот врв. А за крај да кажам: дали си свесен дека со ова само докажуваш дека моите проекти и дела се вредност за градот, а ти си само една обична ПОМИЈА!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...