25.9 C
Ohrid
недела, јули 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Голема благодарност до новинарите во Македонија, благодарение на нив одлично се...

Спасовски: Голема благодарност до новинарите во Македонија, благодарение на нив одлично се справуваме со Ковид-19

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Слободата на медиумите и на изразувањето останува константа и суштинска потреба и во време на вонредната состојба кога заради неизвесноста и опасностите од Ковид-19 од корен се промени нашиот живот и секојдневие, наведе на неговиот фејсбук-профил техничкиот премиер Оливер Спасовски.

<

Тој истакна дека оваа година Светскиот ден на слободата на медиумите го одбележуваме со уште појасно сознание и уште посилна определба дека медиумите и новинарите имаат клучна улога и посебен придонес во обезбедувањето навремени, точни и доверливи информации за јавноста кои во овие услови, како што посочи, не се нужни само заради демократијата туку и за спасување човечки животи.

– Во таа насока, со честитките по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, оваа година оддаваме поддршка, признание и благодарност на новинарите, медиумските работници и медиумите за нивниот придонес со независно и одговорно известување да бидат дел од заедничкиот одговор во справувањето со заканата од коронавирусот, потенцираше премиерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Крвава семејна веселба во Прилеп: Двојно убиство и самоубиство!

Прилеп е во шок по вчерашната трагедија во една од градските населби, каде што заложничка драма заврши со тројца загинати. Според првичните информации од...

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...