4.5 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаЃоргиев: Гоце Делчев гине за Македонија и од тој аспект не може...

Ѓоргиев: Гоце Делчев гине за Македонија и од тој аспект не може да го одвоите од македонскиот народ

spot_img

Политиката на Гоце Делчев е за Македонија и таа да биде ослободена, и тој политички идентитет на Гоце Делчев е силен и ги надминува сите други идентитети. Гоце Делчев гине за Македонија и од тој аспект Гоце Делчев според мене лично не може да го одвоите од македонскиот народ, вели претседателот на македонскиот тим од Комисијата на историчари со Бугарија, Драги Ѓоргиев.

<

Во однос на ставот на Денко Малески, Ѓоргиев вели дека не се согласува со такво поедноставување на идентитетските прашања, бидејќи во тоа време меѓу христијанското-словенско население во Македонија не постои духовно, етничко и национално единство во бугарски контекст.

– Во тоа време на тоа население христијанско-словенско е најважен верскиот идентитет и за нив е важно дали се христијани или муслимани. И поради тоа е неприменливо тврдењето дека постоело духовно единство и припадност на тоа население кон бугарскиот национален идентитет. За нив националните идентитети ги создаваат пропагандите, бугарската, српската и грчката кога навлегуваат во Македонија, бидејќи тоа население е христијанско кое живее 500 години во една теократска-османлиска држава каде примарен е верскиот идентитет, вели Ѓоргиев, во интервју за ТВ 24.

Тој посочува дека на последните четири средби на Комисијата се разговарало за Гоце Делчев и таму застанала работата и доколку се инсистира таа комисија да каже дека Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец, тогаш нема да има решение. Целта на Комисијата е да препознае нешто кај Гоце Делчев што може да не спои како два народи и да биде заеднички чествуван.

– На средбата во септември во Охрид од наша страна беше предложено дека во македонската историографија Гоце Делчев се смета за Македонец и за национален херој на македонскиот народ. Во бугарската историографија тој е бугарски национален херој и се смета за национален херој на Бугарија. Меѓутоа, тоа не смета двете држави, да се прифатат тие два става како моментално присутни, и не пречи затоа што буди силни чувства и кај Бугарите и кај нас да не го честуваме заедно, вели Ѓоргиев.

Тој смета дека не може да се постигне решение за Гоце Делчев, бидејќи има аргументи и за бугарската и за македонската страна и тие може да се толкуваат и да се извлечат различни заклучоци во неговото дефинирање. Но, тој нагласува дека митот на Гоце Делечв е така голем меѓу македонскиот народ, што е и над историските документи, книги и пишувањата на историчарите.

– Гоце Делчев е роден во Македонија и има силен географски, регионален македонски идентитет. Борбата на Гоце Делчев е за Македонија. Политиката на Гоце Делчев е за Македонија и таа да биде ослободена, и тој политички идентитет на Гоце Делчев е силен и кој ги надминува сите други идентитети. Страста на Гоце Делчев е Македонија, емотивно Гоце Делчев е врзан за Македонија. Гоце Делчев гине за Македонија и од тој аспект Гоце Делчев според мене лично не може да го одвоите од македонскиот народ. Тој е најголемиот национален херој на македонскиот народ убедливо на прво место и е невозможно Гоце Делчев да го одвоите од македонскиот народ, вели Ѓоргиев.

Директните средби на Комисијата, посочи тој, запреле по деветата во Софија минатата година, поради како што рече, најавените избори, бидејќи поради сензитивноста на работата на комисијата може да се злоупотреби во тој период.

Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси, во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ заедно со македонскиот народ е спремна да започне постапка за решавање на недоразбирањата со Бугарија на начин што Зоран Заев, Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски и Денко Малески ќе и бидат подарени на Бугарија, а Македонците да бидат оставени на мира.

Со почит, Центар за комуникации на Единствена Македонија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...