20.9 C
Ohrid
сабота, октомври 5, 2024
ПочетнаМакедонијаДали вакцината БСЖ ќе не спасува од коронавирусот?!

Дали вакцината БСЖ ќе не спасува од коронавирусот?!

Вакцинирањето со БСЖ за време на детството штити од други болести, т.н. случајни ефекти, па во тек се истражувања за да се утврди дали инјектирањето БСЖ-вакцина може да ги заштити лекарите и медицинските сестри од ковид-19.

Една од најстарите вакцини би можела да нè заштити од најновата заразна болест, ковид-19, вели Саентист. Вакцината скоро еден век им се дава на бебиња за да ги заштити од туберкулоза, но се покажа дека ги штити и од други инфекции, што ги поттикна научниците да испитаат дали може да заштити од коронавирусот.

Вакцината Бацилус Калмет-Герин (кај нас позната како БСЖ), именувана по двајца француски микробиолози, се состои од жив ослабен вид на Mycobacterium bovis, роднина на М. tuberculosis, бактеријата што предизвикува туберкулоза. БСЖ им е дадена на повеќе од 4 милијарди луѓе во светот, што ја прави најраспространетата вакцина на светско ниво.

Бидејќи освен од туберкулоза, БСЖ ги штити бебињата и од некои вирусни инфекции, истражувачите решиле да ги споредат податоците од земјите со и без задолжителна вакцинација со БСЖ за да видат дали политиките за вакцинација се поврзани со бројот или сериозноста на инфекциите со ковид-19.

Неколку публикации во фаза на претпечатење последниве два месеци забележаа дека земјите со тековна програма за вакцинирање со БСЖ имаат пониски стапки на смр тност од ковид-19 од оние без неа.

Клиничките испитувања почнуваат во Холандија, Грција, Австралија, Данска, Франција, Германија и САД, вели Нетеа, претежно за тестирање на БСЖ кај медицинскиот персонал.

Во австралиското тестирање меѓу 4.000 здравствени работници, „ќе измериме дали оние што ја примаат вакцината помалку добиваат ковид-19 и ако го добијат, дали се пократко време болни или имаат помалку сериозни симптоми“, вели Најџел Куртис, клиничар и истражувач на Детскиот истражувачки институт Мурдок и Универзитетот во Мелбурн.

Михаи Нетеа од Медицинскиот центар на Универзитетот Радбуд во Холандија, која даде механистичко објаснување зошто БСЖ, дизајнирана да спречи бактериска инфекција, може да ја зајакне имунолошката реакција на вирусите.

Таа регрутира 1.500 медицински негуватели волонтери, од кои половина ќе бидат случајно избрани за да добијат БСЖ. Тој, исто така, наскоро почнува тест на 1.600 волонтери на возраст над 60 години, од кои половина ќе добијат плацебо-инјекција, а другата половина БСЖ.

Нетеа се залага за БСЖ како можна превентивна мерка само за групите во ризик, за да се избегне недостигот. „Ова може да биде мост до вакцина“, вели О’Нил, кој забележува дека туберкулозните бактерии живеат во белите дробови, така што БСЖ можеби може да го зајакне имунитетот таму. „Секако, ги чекам тестовите“.

Бен планира тест во Данска врз 1.500 случајно одбрани здравствени работници, кои ќе примат БСЖ или плацебо, а потоа ќе се следат за ковид-19 и други заразни болести.

Данска користеше БСЖ сè до 1980-тите, така што ќе има подгрупа меѓу нововакцинираните што еднаш веќе примиле БСЖ, во училиште. Бен претпоставува дека придобивките од БСЖ ќе бидат поизразени кај ова подмножество здравствени работници од оние што не добиле БСЖ како деца.

Во отсуство на податоци од клиничко испитување, Светската здравствена организација не препорачува БСЖ за превенција на ковид-19. Постои загриженост дека луѓето би можеле да се залетаат и да одлучат дека БСЖ е ефикасен пред да излезат резултатите од испитувањето.

Мекларен вели дека е загрижена дека истрчувањето на претпечатените споредбени студии може да нанесе штета. „Ако луѓето ги толкуваат овие статистички студии како висококвалитетни докази, може да се случи да инвестираме во политики што се неефикасни и да ги одземеме ресурсите од новороденчињата и децата на кои им требаат вакцини против БСЖ“, вели таа.

Куртис исто така е загрижен. Тој вели дека слушнал дека резервите од вакцини во делови од Африка наменети за децата ќе бидат пренасочени кон здравствените работници. „Ова е траг едија“, вели Куртис. „Оваа вакцина ги штити бебињата од туберкулоза. Ако почнеме да ја користиме за нешто недокажано, постои опасност малите деца да ја платат цената“.

Целиот текст прочитајте го на мкд.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче кршеле инвентар во Детската клиника

Министерството за внатрешни работи соопшти дека таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче, кршеле инвертар во Детската клиника. Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено...

После 24 години во Македонија ќе се отвори средно полициско училиште !!!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе се отвори ново средно полициско училиште, кое беше укинато во 2000 година. На денешната прес-конференција...

„Со поставување на безбедносните камери, ќе немате повеќе кому да се јавите за да ви скине казна“, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на прес-конференција зборуваше за поставувањето на безбедносните камери. На новинарско прашање дали и во иднина ќе има јавувања,...

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, едно лице загина !!!

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен. Едно лице, го загубило животот. На излез од село...