9 C
Ohrid
понеделник, март 8, 2021
Почетна Македонија Невестата бидермаерот да го доделува преку лотарија, а орото да се игра...

Невестата бидермаерот да го доделува преку лотарија, а орото да се игра во кордони.

Translate (Eng):[gtranslate]

Интересни се предлозите за свадбените веселби во неформалниот предлог-правилник за начинот на работа на угостителските објекти циркулира меѓу кафанџиите, кои ќе треба да го одобрат и да го пратат до Влада на разгледување, а го објавува „Прес 24“.

Неформален предлог-правилник за начинот на работа на угостителските објекти циркулира меѓу кафанџиите, кои ќе треба да го одобрат и да го пратат до Влада на разгледување.

На гостите да им биде ограничено движењето само на простор на нивната маса и до тоалетите.

РЕКЛАМА

Во однос на масите, неформалниот предлог предвидува да се обезбеди растојание од столче до столче на соседната маса од еден и пол метар во сите правци.

Бројот на лица ќе се ограничи според димензиите на масата.

-Бројот на лица на една маса со димензии не помала од 60 х 60 цм не смее да изнесува повеќе од четири лица. Во случај масите да се со помала димензија ќе треба да се спојат две за четири лица. За група од 5 до 10 лица може да се седнат само во случај кога има услови за растојание од 1,5 метри помеѓу секого индивидуално, се вели во неформалниот предлог-правилник.

На секоја од масите задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција, но и уште на минимум две места, како и на влезот во тоалетите.

Келнерите и шанкерите, но и помошниот персонал ќе треба да носат визири за време на својата смена со цел да се заштитат себеси од контактите со гостите. Со таа разлика што шанкерите ќе бидат принудени да носат ракавици во текот на работното време. Келнерите нема да смеат да се ракуваат со гостите, туку поздравувањето ќе биде само вербално.

Угостителите предвидуваат пред секое седнување на нови гости масата да биде дезинфицирана.

Интересни се предлозите за свадбите. Па така, според предлог-правилникот нема да има поздравување со физички контакт при пристигнување и заминување на гостите.

На гостите ќе им се врши дезинфекција на рацете на секој половина час од страна на келнерите под надзор на одговорно лице.

Оро ќе се игра во кордони.

-Просторот за играње да се ограничи (кордони и слично) и да има еден влез и излез. Секој гостин кој ќе излезе од тој простор да изврши дезинфекција на рацете.

Невестинската торта ќе се подели без гостите да се соберат на главната маса, а бидермаерот да биде дезинфициран и да се додели по принцип на лотарија, односно со влечење број.

Истиот принцип за играње, во кордони би требало да се спроведе и во ноќните клубови и дискотеките, со таа разлика што подиумот за играње ќе треба да биде мапиран за полесно држење растојание.

Истиот принцип за играње, во кордони би требало да се спроведе и во ноќните клубови и дискотеките, со таа разлика што подиумот за играње ќе треба да биде мапиран за полесно држење растојание.

- Реклами -