8.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаСветНобеловецот кој го откри корона вирусот тврди дека овој вирус е направен...

Нобеловецот кој го откри корона вирусот тврди дека овој вирус е направен во лабараторија.

spot_img

Францускиот виролог Лук Монтање, кој ја освои Нобеловата награда за откривање на ХИВ вирусот во 2008 година, смета дека новиот коронавирус не е од природно потекло и бил развиен во лабораторија во кинескиот град Вухан, епицентарот на епидемијата.

– Тоа е вирус од вештачко потекло, дело на молекуларни биолози – рече Монтање во интервју за француското списание за здравство „Pourquoi Docteur“.

Според научникот, лабораторијата во Вухан се специјализирала за коронавируси уште од раните 2000-ти, а нејзините вработени имаат експертиза во оваа област. Извештаите дека вирусот потекнува од таканаречениот влажен пазар во Кина е „убава легенда“, бидејќи ковид-19 беше развиен во лабораторијата, рече тој.

Според него, присуството на елементи на ХИВ, па дури и маларија во геномот на новиот вирус, фрли сомнеж за лабораториското потекло.

Монтање исто така рече дека француските научници не биле првите што откриле честички на ХИВ во коронавирусот, бидејќи група индиски истражувачи претходно се обиделе да објават студија според која целиот геном на коронавирус има слични секвенци на вирусот СИДА.

Тој исто така изјави за телевизијата „CNews“ дека е сигурен дека новиот вид коронавирус не е природен, туку дека тоа е производ зад кој стојат стручни луѓе.

Монтање рече дека е направен манипулација со коронавирусот, но тој не знае зошто е тоа направено и не обвинува никого. Тој смета дека кинеските научници можеби се обиделе да пронајдат вакцина против ХИВ.

– Мојата работа е пронаоѓање факти. Не обвинувам никој, не знам кој го сторил тоа и зошто – рече научникот.

Запрашан од новинарите дали трагите од вирусот ХИВ, пронајдени во коронавирусот, биле едноставно природни мутации на вирусот во телото на пациентот, Лук Монтање одговорил во негативо и изјавил:

– Потребни ви се молекуларни алатки за да ја вметнете ХИВ секвенцата во геномот, а пациентот не го прави тоа, туку човек во лабораторија – рече тој.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...

Боксерот Крајевски си го одзеде животот на само 37 години

Литванскиот боксер Генадиј Крајевски, кој живееше во Англија, се самоуби на свои 37 години. Крајевски бил познат по прекарот „Балтички бомбаш“, а најмногу се борел...