26.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаСДСМ за избори во јуни, ВМРО-ДПМНЕ и здравствените власти против

СДСМ за избори во јуни, ВМРО-ДПМНЕ и здравствените власти против

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Прашањето околу одржувањето на изборите, се уште останува актуелна политичка тема во јавноста. Но последниот збор за тоа кога тие ќе може да се одржат го имаат членовите на комисијата за заразни болести.

<

Додека партиите се уште водат дискусија околу можниот датум за одржување на изборите, инфектологот Фадиљ Цана, смета дека се уште е рано да се размислува за нивно одржување.

„Мислам дека се уште е рано да се размислува на избори. Сепак тој став треба да го даде комисијата за заразни болести. Последниот збор треба да го кажат тие во врска со одржувањето на изборите. Според оние податоци кои до сега ги имаме на располагање, бројката на заболени би требало стивне во јули и август“, вели Фадиљ Цана.

Двете најголеми партии во државата и натаму со спротивни ставови околу изборите.

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, оцени дека најсоодветен термин за одржување на изборите би било средината на јуни, бидејќи како што кажа, после тој период следуваат годишни одмори, а есента е ризична поради можност за повторно интензивирање на епидемијата.

Потпретседателот на БЕСА, Кастриот Реџепи за тв 21 се согласува дека главен приоритет е здравјето на граѓаните и надминување на оваа состојба во која се наоѓаме, но истакна и дека многу важно е државата што побрзо да добие политичка влада.

„Идните предизвици, како што се здравствените и економските ќе бидат уште поголеми и за нивно справување ќе треба да се носат храбри одлуки со висока политичка одговорност. Се надеваме дека на лидерката средба ќе биде постигнат широк концензис и по оваа прашање и дека во јуни ќе има избори“, посочи Кастриот Реџепи.

Од ВМРО ДПМНЕ пак остануваат при ставот дека тие сега не размислуваат за избори и дека приоритет им е здравјето на граѓаните.

Артан Груби од ДУИ, вели дека за нив периодот не претставува проблем.

„Ние нарачавме анкета и како политичка партија, обемна, за да видиме која е волјата на граѓаните. Поради тоа се двоумиме да прифатиме брзо избори. Ако утре се објави победа над вирусот Ковид-19 и граѓаните се чувствуваат слободни да бидат дел од изборите, тогаш нека има избори во мај, јуни, јули. Ние сме подготвени, бидејќи бевме подготвени и во мај и во април“, вели Артан Груби.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски веќе излезе со став дека на претстојните парламентарни избори задолжително ќе биде носење маска и одржување два метра безбедносна дистанца.

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски, за тв 21 веќе се изјасни дека нема никакви шанси изборите да се одржат во јуни. Тој посочи дека без разлика на желбите на политичките партии, според изборниот законик за организација на изборите мора да има простор од најмалку 50 дена откако тие ќе бидат распишани.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...