16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонија10-мина вработени во АД ,,Пошта“ им ги краделе парите на граѓаните.

10-мина вработени во АД ,,Пошта“ им ги краделе парите на граѓаните.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кривична пријава против десет вработени во АД ,,Пошта“, за проневера во службата и фалсификување службена исправа поднесе МВР.

<

Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје до ОЈО Скопје ќе поднесе кривична пријава против десет лица, З.Х. (29), Р.И. (34), И.Е.М. (32), С.П. (53), А.Ќ. (45), Ф.Љ. (35), Л.И. (26), М.Т. (62), Н.К. (55) и Х.Х. (42), сите од Скопје, вработени во АД „Пошта на Северна Македонија”, подружница Чаир, заради постоење основано сомнение дека ги сториле кривичните дела – проневера во службата, и фалсификување службена исправа.

„Пријавените, деветмина шалтерски работници во посочената подружница, заедно со нивниот претпоставен десетопријавениот Х.Х. во вкупно 26 наврати во временскиот период од февруари до ноември 2019 година со фалсификување на 26 налози за исплата-Образец ПП40, од лични трансакциски сметки сопственост на 26 физички лица, депоненти во банка од Скопје, неовластено присвоиле туѓи парични средства кои им биле доверени во вршењето на службата и прибавиле противправна имотна корист за сметка на десетопријавениот Х.Х. во вкупен износ од 1.570.822 денари. Инаку, од страна на АД “Пошта на Северна Македонија” Подружница ЦРПС-Скопје на 24.01.2020 година до Единица за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје беше доставена писмена пријава за сторените кривични дела“, информира МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...