10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Без разлика што не успеавме да се договориме за избори тие...

Заев: Без разлика што не успеавме да се договориме за избори тие ќе се одржат на 21 јуни.

Не се постигна договор да се организираат избори во првиот соодветен термин иако сите податоци и аргументи укажуваат дека се создадени услови и сега е вистински момент да се излезе на избори. И тоа од здравствен аспект, од економски и од демократски аспект, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев, по завршувањето на лидерската средба попладнево. Според него, тоа го потврдуваат Комисијата за заразни болести, уставните одредби и законските рокови, па дури и мисијата на ОБСЕ/ ОДИХР. Првиот термин за избори, по укинувањето на вонредната состојба и врз основ на Уредбата со законска сила, според него е 21 јуни. СДСМ, додаде Заев, допрва ќе размислува дали без опозиција ќе оди на избори.

-Неодговорност, незрелост и мислење само на партиската фотеља не доведе до тоа да не дојдеме до договор со консензус, рече Заев додавајќи дека за ВМРО-ДПМНЕ се поважни партиските калкулации, и стравот од избори.

Според лидерот на СДСМ, однесувањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е на штета на државата, обвинувајќи дека тој се плаши од граѓаните и гласањето.

-Сакаат да се одолговлекуваат здравствената и економската криза, за да креираат нова политичка криза. Ние тоа нема да го дозволиме. Имаме одговорност пред граѓаните и пред државата. На граѓаните им требаат целосно функционални институции и со нов мандат да им служат и да се подготват за новиот бран од коронакризата наесен. Предупредување за овој нов бран веќе издаде и СЗО, рече Заев.

Потребна е, вели тој, трансформација на македонската економија и заштита на здравјето на соодветен начин.

-Коронавирусот е наше секојдневие се додека не се измисли вакцината, истакна лидерот на СДСМ.

Одговорност на политичките партии е да направат се да им обезбедат на граѓаните таа нова нормалност.

Изборите се утврдени, истакна тој, и во моментот согласно вонредната состојба која завршува на 30 мај изборите се на 21 јуни.

-Во нови услови, согласно препораките и протоколите за заштита, сметаме дека можеме да организираме избори. Техничката Влада чија првенствена улога е да организира избори паралелно со мерките за заштита на граѓаните треба да ги рестартира и предизборните процеси за организирање слободни, фер и демократски избори, со целосна заштита на здравјето на граѓаните. Очекувам да се подготват и сите процеси на институциите задолжени за изборите, пред се на ДИК, рече Заев.

Лидерот на СДСМ го цитираше член 43 став 6 од Изборниот законик, што се донесе на денот на распуштањето на Собранието, усогласено од сите политички партии заедно, се вели дека МВР во рок од еден ден од јавниот увид доставува листа на државјани кои поднеле барање за издавање на нова лична карта или патна исправа по кој било основ и истите ги подигнале од денот на распишување на изборите до денот на завршувањето на јавниот увид. МВР исто така во рок од еден доставува листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите. ДИК податоците за овие лица ги впишува во Изборачкиот список по службена должност.

-Напоменувам сите граѓани имаат патни исправи само оние не посакале да извадат немаат. И децата и бебињата имаат патни исправи. Сите граѓани над 15 или 16 години имаат лични карти. Тие можат да ја извадат затоа што можат после 16 години согласно закконите имаат дозвола да работат. Имаат сите граѓани време до денот на изборите да извадат лична карта, рече Заев.

Потенцираше дека сите партии што сакаат да учествуваат на изборите имаат навремено поднесено кандидатски листи, кои се утврдени од ДИК, а завршено е и ждребувањето. Изборите се утврдени и одредени, прашање, според него, е дали се има волја и желба да се учествува на изборите.

-Бегање од изборите нема. Оттука очекувам да се подготват сите и сите процеси на институциите кои се задолжиле да ги завршат своите работи, повтори Заев.

Во извештајот од Комисијата за заразни болести, има една глава за предвидувања за следниот период, во која, како што цитира Заев: имајќи во предвид дека во овој период сме во фаза кога ги гледаме добрите ефекти од силните рестриктивни мерки, се наоѓаме во последните недели од вообичаеното траење на респираторните епидемии, во фаза во која не работат школите и градинките и имаме затворени граници, состојбата со вирусот Ковид-19 ќе потрае подолг временски период се до пронаоѓање на вакцината. -Пред нас е период кога треба да научиме да живееме со вирусот, посочи меѓудругото Заев, прнесувајќи дел од извештајот каде се наведува дека како изминува времето се повеќе се зголемува ризикот од враќање на епидемијата со втор бран, со зголемување на бројот на пациенти.

ОБСЕ/ОДИХР, како што рече, е подготвена повторно да се распореди со активности за изборите, штом се утврди датумот за изборите и водејќи сметка за патните ограничувања и протоколите поврзани со здравјето.

Обвини дека на денешната средба Мицкоски не кажал како ќе се свика Парламентот, ниту пак спомнал нешто, како што рече, за напуштање на Владата бидејќи нема избори а притоа техничката влада е формирана за избори.

-Повторно се бараат некои извештаи за да се купува време и се бара да се каже дека Комисијата може да гарантира дека крајот на август или почетокот на септември ќе има 0 починати или три до четири заразени. Тоа не може никој да го гарантира. Затоа според нас ова е само купување на време заради неспремност, поточно страв да се излезе на избори, рече лидерот на СДСМ Заев по лидерската средба.

извор: сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...