14.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаСветКинезите се сигурни дека лекот за корона ќе го има до крајот...

Кинезите се сигурни дека лекот за корона ќе го има до крајот на оваа година.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кинеска лабораторија развива лек за кој верува дека може да спречи пандемија на коронавирус и да биде подготвена за масовно производство подоцна оваа година.

<

Лекот базиран на антитела, развиен на престижниот универзитет во Пекинг, го скратува времето на закрепнување на пациентите со КОВИД-19, но исто така создава краткорочен имунитет на вирусот, велат истражувачите.

Суни Кси, директор на Универзитетскиот иновативен центар за геномика, посочува дека лекот се покажал како успешен кај животните.

Кси исто така рече дека количината на вирус кај заразените глувци е значително намалена откако им биле вбризгани неутрализирачки антитела.

Ова покажува дека потенцијалниот лек има и терапевтски ефект.

Лекот користи неутрализирачки антитела произведени од човечкиот имунолошки систем за да спречи вирусот да влезе во клетката. Антителата биле изолирани од крвта на 60 обновени пациенти.

Напис за истражувањето беше објавен во научното списание „Cell“. Кси посочува дека неговиот тим барал антитела „дење и ноќе“.

Тој додаде дека лекот треба да биде подготвен за употреба подоцна оваа година, на време за можен втор бран на пандемијата во зима. Во моментот се заразени со коронавирус 4,8 милиони луѓе, а над 315.000 починале.

Планирани се клинички испитувања, рече Кси, додавајќи дека ќе се спроведе во Австралија и во други земји, бидејќи бројот на заболени во Кина брзо се намалил.

Се надевам, неутрализирачките антитела ќе станат специјализиран лек што ќе ја сопре пандемијата, рече тој.

Кинески службеник за здравство минатата недела изјави дека Кина веќе тестирала пет потенцијални вакцини врз луѓето.

Но, Светската здравствена организација предупредува дека развојот на вакцините ќе трае помеѓу 12 и 18 месеци.

Научниците исто така укажуваат на потенцијалната придобивка на крвната плазма на обновени пациенти кои развиле антитела на коронавирусот.

Повеќе од 700 пациенти добиле плазмена терапија во Кина, а властите тврдат дека се покажало дека е многу добра терапија.

Но, плазмата е со ограничена количина, посочува Кси, додавајќи дека лекот на кој работи, може брзо да премине во масовно производство.

Новиот лек може да создаде краткорочен имунитет што беше потврдено со тестови на глувци. Тоа може да им обезбеди на здравствените работници привремена заштита со недели или дури и месеци, рече Кси.

Во моментов се развиваат повеќе од стотици вакцини ширум светот, но процесот бара многу повеќе отколку развојот на лекови.

Кси се надева дека лекот на неговиот тим ќе биде побрз и поефикасен начин за запирање на пандемијата.

локално

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...