29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаМајки на породилно бараат продолжување на платеното отсуство на 12 месеци

Мајки на породилно бараат продолжување на платеното отсуство на 12 месеци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Група мајки кои се на породилно бараат продолжување на платеното отсуство поради ситуацијата со Ковид-19. Реагираат дека градинките не вршат упис и не знаат кој ќе им ги чува децата ако наредниот месец мора да тргнат на работа доколку се нормализира состојбата.

<

– Породилното отсуство да ни се продолжи и да трае 12 месеци за сите. Ако градинките не примаат нови дечиња како што тврдат вработените во градинките како мајките кои се во работен однос да не го изгубат работното место, а потребно е да си ја зачуваат работата , но и децата, изјави за Сител Емилија Митева, мајка која е на породилно отсуство.

На прашањето за барањето на мајките за продолжување на породилното од ресорното министерство за труд и социјала не добивме одговор.

Според здравствените власти градинките нема да бидат отворени додека не заврши скринингот. Од досега направените 1131 тестирања на вработените во воспитно-образовните установи потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

Од друга страна мајки реагираат дека доцни и исплатата на породилното. Некои не земале пари ниту за март.

-Има една мајка на која сопругот поради состојбата добил отказ од работа и единствен приход им се парите од породилно, вели Митева.

Од Фондот за здравство информираат дека доцнењето е поради имплементирање на уредбата со која се продолжува породолното поради мерките за пандемијата.

-Сакаме да известиме дека исплатата за месец март и април е веќе започната и во наредните неколку дена ќе биде во целост ефектуриана, велат од ФЗО.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...