19.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 23, 2025
ПочетнаМакедонијаПолициски час од 19 во сабота до 05 часот во вторник

Полициски час од 19 во сабота до 05 часот во вторник

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Граѓаните ги чека 58 часовен карантин за време на претстојниот продолжен викенд. Здравствените власти одлучиле полицискиот час да почнува од 19 часот во сабота и да трае до вторник до 5 часот наутро. За Рамазан Бајрам и Денот на македонските просветители улиците ќе бидат празни поради забраната за движење. Министерот за здравство вели дека оваа мерка е оправдана бидејќи изминатите денови поради непочитување на мерките на семејни собири е зголемен бројот на новозаболени. Кластерите на зараза се познати и најголем број на дијагностицираните со Ковид-19 се од иста фамилија.

<

-Што е суштината и зошто тоа се предлага? Сите случаи се поради семејни собири со непочитување на мерките и само со ваква ригорозна мерка може да имаме ефект, вели Венко Филипче, министер за здравство.

И покрај полицискиот час и обврската за задолжително носење на маска и одржување на дистанца, Филипче вели дека и до него стигнуваат слики од граѓани кои не ги почитуваат мерките.

Ваква состојба регистрираше и камерата на Сител денеска во Скопје.

Министерот за здравство побара поголема ангажираност и од останатите инситуции за спроведување на мерките.

-Инситуциите кои имаат ингеренции тоа да го контролираат, тоа да го прават многу многу ревносно. Немаме друг механизам со кој може да се бориме, вели Филипче.

Денешната статистика покажува дека има четири смртни случаи, меѓу кои најмладиот е пациент на 41 година кој дури 40 дена бил лекуван на Инфективна. Од 512 тестирања биле дијагностицирани 19 новозаболени а оздравеле 16. Во Македонија досега се евидентирани дури 110 смртни случаи од КОвид 19, но Филипче вели дека не сме со најголема смретност во регионот бидејќи кај 22 починати вирусот бил откриен постмортен што не го правеле во другите зсемји.

Инаку, На Комисијата за заразни болести покрај празничниот карантин, разговарале и за начинот како ќе работат аеродромите во државата за што треба да добијат конкретен протокол. Намалување на рестрикциите надлежните најавуваат после празниците.

сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе им поставува клими на настраданите во Кочани

Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо Горѓиев од Виница испрати силна порака на хуманост. Тој понуди бесплатна монтажа на клима уреди за сите...

Ќе те утепам: Објавена снимка како скопјанец брутално ја тепа својата 4 годишна ќерка

28-годишниот скопјанец од Драчево кој ја повредил својата четиригодишна ќерка, заврши во притвор, а мајката на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно беше цел на неуспешен обид за атентат, а овој пат планот вклучуваше полски воен пензионер кој одамна бил регрутиран...

Бочварски: Не е точно дека Филипче вози Ауди Q8, тој има Шкода Супер Б.

Пратеникот Благој Бочварски во поткастот „Претрес“ рече дека партискиот лидер на СДСМ, Венко Филипче, вози „шкода суперб“, со која доаѓа во Собранието како народен...