15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаАнгеловска: Државата нема пари за награда на полицијата како што предложи Чулев.

Ангеловска: Државата нема пари за награда на полицијата како што предложи Чулев.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерката за финансии Нина Ангеловска на вчерашната прес-конференција рече дека предлогот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев за парична награда на полицајците од 15.000 денари не е во склоп со барањето за ребаланс на буџетот од пред два дена.

<

– Сметам дека сите ние како членови на Владата носиме уште поголема одговорност во оваа криза и треба да бидеме уште поразумни, реални, рационални во целиот тој процес. Вие знаете дека ребалансот беше скроен пред два дена. Јас морам да кажам дека министерот за внатрешни работи беше навистина кооперативен при правење на ребалансот и тој достави предлог за кратење од 88 милиони денари во МВР. Тој предлог беше ефектуиран и морам да кажам дека овој пат, при овој ребаланс поставивме стандарди и концепт да ништо на своја рака Министерството за финансии не кратеше. Сите кратења, сите прераспределби и промени се на барање на буџетските корисници. Предлогот не кореспондира со барањето кое било доставено при кроењето на ребалансот. Два дена по скроен ребаланс, мора да бидеме сите реални. Јас верувам дека сите членови на Владата ги знаеме реалните можности и дека сите до еден и оваа Влада ќе се залага за да ги награди сите кои заслужиле кога ќе имаме целосна контрола врз вирусот и сите ќе ја добијат наградата и заслуженото, рече Ангеловска за барањето на Чулев.

Покачувањето на платите на здравствените работници е предвидено со ребалансот на буџетот, посочи министерката.

– Јас сметам дека оваа криза го извади најдоброто од голем број професионалци кои што работат во јавниот сектор. Таков пример прв е здравството и здравствените работници кои што се во првите редови во директен контакт со заразените за кои што рековме дека ќе им се оддолжиме и ќе ги наградиме, за кои што беа во ребалансот, со доставена калкулација по предлог и истите беа вградени кога тој беше усвоен пред неколку денови, рече Ангеловска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...