29.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаШекеринска ја затвора најелитната единица на АРМ – ВОЛЦИ!

Шекеринска ја затвора најелитната единица на АРМ – ВОЛЦИ!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Професорот Александар Нацев, поранешен директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, во фејсбук пост пишува дека министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја затвора најелитната единица на АРМ – Волци.

<

Како што пишува Нацев, на припадниците на единицата „Волци“ им е соопштено дека околу триесет од нив треба „доброволно“ да побараат прекоманда и да бидат преместени на други работни места во останатите единици на АРМ.

-Се чини дека после малото затишје кое беше последица на предизборни калкулации, по директна насока од министерката продолжува растурањето на најелитната единица на АРМ, Баталјонот за специјални намени Волци. За да биде притисокот врз специјалците поголем и да се наруши кохезивноста на единицата, наредено им е тие сами меѓу себе да се договорат и да достават список кои би биле тие 30 лица, со временски рок до крајот на месецов, пишува Нацев.

Тој додава дека ваквите уцени и притисоци директно влијаат врз моралот на припадниците и се директна последица на непрофесионалното и егзибиционистичко управување со Министерството за одбрана. Според професорот, несфатливо е како може најобучените и најелитните војници да се уценуваат и омаловажуваат, а токму тие се оние кои први застануваат на бојното поле за да ја бранат татковината.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...