-2 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаВласта ги заборави ветувањата кон Медената Атиџе, ни работа, ни песна, повторно...

Власта ги заборави ветувањата кон Медената Атиџе, ни работа, ни песна, повторно си остана сама со пчелите

spot_img

Ништо од ветувањата кои протагонистката од документарецот Медена земја пред четири месеци ги доби од градоначалникот на Лозово. Ниту стана туристички водич, ниту снимаше песни, ниту пак доби нов кров на куќата во Дурфулија.

Алфа тргна во потрага по одговор на прашањето дали надлежните  го искористија ликот на Атиџе Муратова за ситни политички поени. Последната одгледувачка на диви пчели која со својата скромност го воодушеви светот не беше во селото. Подолго време е во Беќирлија, раскажуваат селаните. Сега е време за роење на пчелите и таа е таму со нив. За среќа налетавме на нејзината другарка од детството. Ни кажа дека последен пат се виделе во понеделникот. Сепак црвениот тепих и Оскарите воопшто не ја промениле скромната душа на пчеларката.

Валентина Атанасова не одведе до новата куќа на Муратова. Кровот не беше сменет –со ова падна во вода уште едно од ветувањта на градоначалникот Велевски. Нашата потрага по вистината ја продолживме кај семејството Сам, останатите ликови во Медена земја. И тие се пожалија дека добиле само празни ветувања.

Оскарите не ја прославија само Атиџе. Свои пет минути слава добија и селата Беќирлја и Дурфулија

Денес Алфа проба да стапи во конакт и со првиот човек на Лозово Ацо Велковски.Прво беше на состанок, па потоа не замоли во порака да му напишеме зошто го бараме. Одговор на прашањето кога ќе се реализират ветувањата  не добивме.

Семејството Сам кое има осум деца замоли да упатиме апел до сите добронамерници да им помогнат со храна, облека и чиста постелнина.

Автор Александра Ристевска- линк до текстот  Алфа ТВ

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...