16.6 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаВидео- Додека градот спиеше врвните Македонски специјалисти успешно пресадија срце

Видео- Додека градот спиеше врвните Македонски специјалисти успешно пресадија срце

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Доцна во ноќта додека градот спиеше во 2.43 часот зачука срце. Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи прва трансплантација на срце, напиша на Фејсбук д-р Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија.

<

– Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо….испишаа историја !! Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност … победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде ! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата „Живот”!

Честитки Господа !!!, напиша докторот.

Ова е прва операција на трансплантација на срце во Македонија од починат донор и ја изведоа тим доктори кардиохирурзи и анестезиолози, Професор д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија, д-р Жан Митрев од „Жан Митрев Клиник“. професор д-р Александар Николиќ кардиохирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и шефот на Одделот за анестезија д-р Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“.

https://www.facebook.com/kristijan.bundovski.1/videos/1576507985858518/?t=3

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...