13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаЧулев: Сите што делеа пакети ќе одговараат за непочитување на мерките на...

Чулев: Сите што делеа пакети ќе одговараат за непочитување на мерките на Владата, ако се утврди ќе одговоараат и за поткуп

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во гостувањето во вестите на Македонската радио телевизија говореше за објавените видео материјали на социјалните мрежи од делење на хуманитарни пакети од страна на активисти на СДСМ. Тој истакна дека за настанот е информирано Основното јавно обвинителство во Струмица и МВР има добиено соодветна дозвола за натамошно постапување во случајот. Доколку од примателите на хуманиратна помош се утврди дека била барана противуслуга, давателите ќе одговараат за поткуп, а учесниците во настанот ќе одговаараат и за непочитувањето на Владините мерки.

<

„Во текот на вчерашниот ден беа објавени видео материјали на кои што се гледаше делење на таканаречени хуманитарни пакети со храна на социјално ранливи категории и од страна на МВР веднаш беше извршена идентификација на лицата кои што се даватели меѓутоа и приминатели на хуманитарните пакети. Беше информирано и доставено соодветно известување до Основното јавно обвинителство во Струмица, и од страна на Основното јавно обвинителство беше добиена дозвола за постапување на полиција во овој случај. Во оваа насока во текот на наредните денови од страна на секторот за внатрешни работи Струмица ќе бидат превземени соодветни мерки и активности во насока на утврдување на дали постои соодветна валидна документација за делењето на донацијата, кој е давателот на донацијата. Врз основа на кои критериуми е дадена донацијата и дали од примателите на донацијата се барани соодветни противуслуги. Во однос на оние лица кои што учествувале на овој настан, а врз основа на видеоматеријалите е утврдено дека не ги почитувале одлуките на Владата во однос на држење физичка дистанца, во однос на групирање и неносење на заштитана лична опрема ќе бидат превземени соодветни активности и тие ќе бидат санкционирани, вели Чулев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...