16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонија500 грама компир ресана и млеко: Понижувачки пакети доделени на социјално загрозени...

500 грама компир ресана и млеко: Понижувачки пакети доделени на социјално загрозени семејства. (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Килограм ресани, 500 грама компири, едно млеко и леб. Овој пакет го доби едно загрозено социјално семејство во Центар. Поради отежнатата ситуација општина Центар доделува месечни пакети за пензионерите кои земаат под 12 илјади денари. Тие велат дека ова е понижувачки затоа што со овие состојки не може ниту еден ручек да се направи. Семејството кое тв21 го снимаше сакаше да остане анонимно.

<

„Пола кило компир, две колачиња. Еве тоа е. Овие две се по 40 – 80. Со ова, млекото 130, плус еден леб 180 и компирите 20 денари, пакетот е 200 денари“, велат тие за тв21

На прашањето дали ова помош што ви е дадена е поради ситуацијата со Ковид 19, тие велат:

„Да тоа го рекоа за тие што имаат испод 12 ијади пензија како помош ни го дале“.

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ вели дека општината не одлучува за тоа што ќе има во пакетите, туку тоа го прави компанијата која сака да донира за загрозените семејства.

„Се зависи од пакетот на донаторите бидејќи овде општина Центар дава нула денари. Значи ние функсионираме на принципот од тоа донаторите што ги обезбедуваме. И сега ние не можеме за некои работи кои ни ги донираат да кажеме еј малку е. Не благодарни сме и на тоа. Ќе излеземе во брзо време и со податоци колку енормно се зголемува бројот на луѓе кои учествуваат во овие акции“, вели градоначалникот Саша Богдановиќ, пренесува ТВ21.

Иако како што вели градоначалникот на Центар Богдановиќ, општината не дава ниту еден денар, сепак на пакетот стои логото на општината. Тој вети дека постојано расте бројот на компании кои се заинтересирани да донираат за социјалните семјејства така што смета дека и пакeтите со време ќе бидат количински зголемени.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...