13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче во „Топ тема“: „Најновите предвидувања велат дека ситуацијата со Ковид-19 ќе...

Филипче во „Топ тема“: „Најновите предвидувања велат дека ситуацијата со Ковид-19 ќе трае до 2022-та година“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашното гостување на „ТВ Телма“ предупреди и апелираше до сите граѓани дека уште долго време ќе мора да живееме со мерките за заштита од коронавирусот.

<

„Ова ќе трае. Нема да прекине ниту до крајот на годината, ниту до почетокот на наредната година. Има предвидувања дека дури и по вакцината ваквата состојба со коронавирусот ќе продолжи. Некои од најновите предвидувања велат дека вирусот ќе трае до 2022-та година. Предвидувања од еминентни медицински списанија. Мора да научиме дека треба да живееме носејќи маски и држење социјална дистанца“ – изјавил Филипче.

Според министерот за здравство во тек е и дискусија за тоа дали е потребно да има тестирања на лицата кои ќе патуваат, а еве што вели тој за тоа:

„Многу веројатно дека нема да се бараат тестови заради тоа што не претставуваат апсолутна гаранција или сигурност. Претставува некаква сигурност ако е во комбинација со домашната изолација или карантините. Но, имајќи предвид дека ако се отворат границите и голем број луѓе ќе почнат да патуваат и тоа нема да биде само меѓу луѓето во регионот и нема да бидат посети од една во друга земја, туку ќе има многу патници кои ќе транзитираат низ некоја земја, тоа ќе изгуби смисла“ – изјавил Филипче.

Во однос на изборите, Филипче вели дека мерките не се предложувале или пак се калкулирало со нив за да се создаде терен за одржување на изборите:

„Впрочем и сега во ниту еден момент не беше побарано од Комисијата за заразни болести да каже дали треба или не треба да има избори, туку беше побаран стручен протокол како, ако се одржат изборите, тие треба да се спроведат и ние тоа го направивме“ – истакна министерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...