Перформансот е изведен како знак на солидарност, а луѓето истовремено дознаа какво е чувството непрестајно да се носи заштитно одело.
„Тешко е да дишете, се потите, лицето ви е стегнато. Како да сте во сауна“, го опишува една граѓанка на Самара своето чувство во одело.
На социјалните мрежи Русите објавуваат свои фотографии во долна облека под заштитно одело и порачуваат дека сите треба да знаат како е да се помине цел ден во нив.
Локалниот новинар Леонид Кошма, кој исто така учествуваше во оваа акција, вели дека е неподносливо, а маската е постојано замаглена. „Голема почит за лекарите, а костимите за капење не се нешто од што треба да се срамувате“.