23.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаСветПијан Полјак влегол во кафез во зоолошка и сакал да ја удави...

Пијан Полјак влегол во кафез во зоолошка и сакал да ја удави мечката (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Млад маж под дејство на алкохол се обидел да удави мечка во зоолошката градина во Варшава откако провалил во кафезот.

<

Откако 23-годишниот Полјак се пробил во кафезот на мечката Сабина и таа го забележала, тој во паника скокнал во водата, а наскоро и таа тргнала по него. Потоа се гледа како мечката ја натопила главата во водата, пред шокираните посетители на зоолошката градина што неодамна ги отвори вратите откако се смири пандемијата со коронавирус.

Мажот на крајот успеал да избега со ситни рани и е пренесен во болница. Портпаролот на зоолошката градина соопшти дека мечката не е повредена, но е под стрес.“Таа припаѓаше на циркус и беше навикната на присуство на луѓе, но апсолутно не очекуваше човечки напад. После тоа, таа седеше нервозно во водата додека не дојдоа нејзините старатели”, вели портпаролот. Тој додава дека мажот имал среќа што само Сабина се наоѓала во кафезот која „иако е во добра состојба за нејзината возраст, не е многу ефикасна мечка“.

Зоолошката градина исто така вели дека планира да ги преземе сите расположиви законски чекори за да го изведе сторителот пред лицето на правдата, се вели во соопштението.

Мажот избегал, а подоцна бил пронајден во болницата со исекотини на рацете, каде бил казнет со 850 злоти (околу 180 евра), пренесува Дејли Меил.
канал 5

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...