21.5 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР ПРЕСУДИ ВО КОРИСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА

ЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР ПРЕСУДИ ВО КОРИСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
  • 28 мај 2020 година, Софија, Бугарија – Македонците од Бугарија извојуваа голема победа против бугарската држава во Судот за човековите права во Стразбур.

Со денешната пресуда на Судот за човекови права во Стразбур, Македонците во Бугарија извојуваа голема победа против Република Бугарија во спорот кој пред Судот во Стразбур се води од 2013 година. Пресудата доаѓа само десетина дена пред најавеното вето на Бугарија против Македонија во процесот на отпочнување преговори на Македонија за членство во Европската Унија.

<

“Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“, здружение со седиште во Благоевград и претседателот на нејзиниот одбор Ангел Кирилов Радонов, државјанин на Република Бугарија, на 10 октомври 2013 година пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, преку адвокатот Тони Менкиноски поднесе апликација против Бугарија за повреда на правото на здружување, бидејќи Бугарија одби да го регистрира здружението од причина што според неговата дејност треба да ги негува и афирмира македонските етнички обележја и традиции различни од бугарските.

“Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ е здружение кое во својот статут ги афирмира правата на Македонците како посебна етничка група во Бугарија.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денес ја осуди Бугарија, носејќи пресуда со која утврди, дека е повредено правото на здружување по членот 11 од Европската конвенција за човекови права на Македонците во Бугарија. Сега, Бугарија е задолжена во согласност со оваа пресуда да го регистрира “Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ и да им исплати штета од 7.500,00 евра во рок од 3 месеци.

Со оваа голема победа во Стразбур, Македонците во Бугарија многу и’ помагаат на Македонија да се справи со политичките условувања од официјална Софија против македонското национално малцинство во Република Бугарија. Со оваа пресуда, сега во Бугарија ќе има здружение на Македонците во услови кога официјална Софија сака да биде укинато постоењето и на Македонскиот јазик.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...